МЦМС придонесe во креирањето на новиот Закон за здруженија и фондации - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС придонесe во креирањето на новиот Закон за здруженија и фондации PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 30 janar 2026 14:09

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) активно се вклучи во процесот на јавна консултација за Предлог Законот за здруженија и фондации, оставајќи детални коментари на платформата ЕНЕР (Единствен национален електронски регистар на прописи на Република Северна Македонија).

Screenshot 2026 01 30 at 14 14 32 ЕНЕР Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации1

Законот за здруженија и фондации е од клучно значење за граѓанскиот сектор и функционирањето на граѓанските организации во земјата. Покрај тоа што ги уредува правниот статус, работењето и финансирањето на организациите, предлогот вклучува и механизми за кофинансирање на проекти од меѓународни донатори. Затоа, учеството на граѓанските организации во неговото моделирање е од суштинско значење за создавање закон што ќе одговара на реалните потреби на секторот.

МЦМС достави 21 конкретен предлог за измени и дополнување на предлог-законот, кои опфаќаат 14 членови. Предлозите за измени се однесуваат на одредбите за легитимно работење на органите и телата на граѓанските организации, на регулативата поврзана со стопанските дејности на организациите, одговорноста на членовите на органите, постапките за распределба на јавни средства, механизмите за кофинансирање на проекти од меѓународни донатори, критериумите за подобност и евалуација на проектни предлози, листата на области од јавен интерес, учеството на граѓанските организации во креирање политики, улогата и составот на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, временските рокови за имплементација на законот итн.

Целосните коментари се достапни на ЕНЕР но и во овој документ.

Јавната консултација е отворена можност за секоја граѓанска организација да го искаже својот став и да придонесе кон подобрување на законската рамка што директно влијае на нашето работење. Процесот на креирање политики станува посилен и пореален кога вклучува различни перспективи и искуства од практиката.

Учеството во креирањето на закони и политики не е само право на граѓанските организации, туку и одговорност кон нашите членови, корисници и заедниците во кои работиме. Преку активното учество во јавните консултации, ние обезбедуваме дека законите ќе бидат: релевантни за реалните потреби на граѓанскиот сектор; применливи во пракса; фер и рамноправни за сите типови организации и во согласност со најдобрите меѓународни практики.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme МЦМС придонесe во креирањето на новиот Закон за здруженија и фондации