Влијанието од прекинот на финансиската поддршката на УСАИД врз македонското граѓанско општество |
![]() |
![]() |
![]() |
E hënë, 02 qershor 2025 13:17 | |
Автор: Јелмаз Дервиши
Само во периодот од 2025 до 2028 година беа испланирани речиси 37 милиони американски долари поддршка во повеќе сектори. Најпогодени области се: демократија и добро владеење, владеење на право, антикорупциски иницијативи, младинска вклученост и слобода на медиумите. Многу од тековните програми кои беа подржани од УСАИД сега се соочуваат со неизвесна иднина, особено доколку не се пронајдат нови извори на финансирање. Со повлекувањето на оваа клучна поддршка не само што се доведува во прашање финансиската и програмската одржливост на граѓанските организации и локалните компании, туку сериозно се загрозува и постоечкиот напредок во областа на транспарентноста, отчетноста, човековите права и инклузивниот економски развој во Северна Македонија. Дополнително, прекинот на програмите финансирани од УСАИД предизвика и негативни наративи и кампањи во медиумскиот простор и социјалните мрежи, при што дел од спроведувачите на програмите беа цел на обвинувања и дезинформации. По повлекувањето на УСАИД, главни донатори кои остануваат активни во поддршката на граѓанското општество во Северна Македонија се: Европската Унија, Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерството за надворешни работи на Норвешка, амбасадите на Обединетото Кралство, Холандија, Шведска, Сојузна Република Германија и други.
|