Корупцијата е најголем општествен проблем за граѓаните во 2023 - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Корупцијата е најголем општествен проблем за граѓаните во 2023 PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 31 korrik 2024 11:46

Според податоците од „Извештајот за проценка на корупцијата во Северна Македонија- 2023“, 63,5% од испитаниците, што е значително повеќе од 46,1% во 2021 г., ја рангираа корупцијата како најголем општествен проблем меѓу понудените 11 опции. Дополнително, она што особено се разликува од претходното истражување е дека во 2023 г. здравствената заштита полека се искачува на скалилата на проблеми.

MCMS infografik br.1

Факторите кои влијаат врз распространетоста на корупцијата се повеќекратни и комплексни. Повеќе од 80% од македонските граѓани сметаат дека моралната криза во нашето општество, неефикасноста на судскиот систем во борбата против корупцијата, желбата за брзо лично богатење на властодршците и недоволната заштита на лицата кои пријавуваат корупција се главни фактори за широко распространетата корупција.

Според истражувањето, 31,3% од граѓаните биле изложени на коруптивен притисок, додека 25,5% биле вклучени во корупција. Исто така, разликата помеѓу притисокот и вклученоста во 2023 г. бележи зголемување, што сугерира и зголемување на отпорот кон корупцијата.

MCMS infografik br.2

Анализата на вклученоста според тоа дали имало коруптивен притисок или не, бележи мало подобрување, споредбено со 2021 г. Во 2023 г. секој петти граѓанин кому му било побарано противуслуга, подарок или пари, тој тоа го направил, додека 4,2% од граѓаните дале поткуп, иако не искусиле притисок тоа да го направат.

MCMS nacionalen izvestaj 2023Извештајот за проценка на корупцијата во Северна Македонија- 2023“ , е подготвен од страна на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) како дел од проектите „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитетите за застапување врз база на докази, влијание врз политиките и граѓански ангажман (СЕЛДИ.нет)“, поддржан од Европската комисија и „Граѓаните против корупцијата“, поддржан од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Корупцијата е најголем општествен проблем за граѓаните во 2023