Голема заинтересираност за повикот за Грантови за граѓанска вклученост во борбата против корупцијата - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Голема заинтересираност за повикот за Грантови за граѓанска вклученост во борбата против корупцијата PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 17 korrik 2024 14:10

Денес, (17 јули 2024г.), тимот на програмата Граѓаните против корупцијата (ГПК) одржа онлајн информативна сесија со цел да го презентира јавниот повик за доделување на Грантови за граѓанска вклученост во борбата против корупцијата.

Screenshot 67

Повеќе од 60 претставници од граѓански организации, мрежи на граѓански организации и неформални мрежи имаа можност да се информираат за условите и процедурите за аплицирање на повикот за грантови. Јасмина Чаушоска и Фанија Ивановска, одговорни за спроведување на грантовите во програмата ГПК, ја водеа инфо сесијата и ги информираа присутните за целите и условите на повикот, како и начинот на аплицирање.

„Целта на повикот за Грантови за граѓанска вклученост во борбата против корупцијата е да се зголеми транспарентноста, отчетноста и културата на интегритет преку поголема вклученост на граѓаните во борбата против корупцијата,“ истакна Чаушоска. Таа објасни дека програмата има за цел да поддржи проекти кои ќе генерираат долгорочни акции за постигнување на структурни промени во заедниците, поттикнувајќи поголема граѓанска активност и учество во антикорупциските напори.

Минималниот износ за кој може да се поднесе апликација е 2.240.000 денари (приближно $40.000), додека максималниот износ е 3.360.000 денари (приближно $60.000). Поддржаните предлог-проекти треба да траат минимум 18 месеци и максимум 24 месеци.

„Повикот е отворен за сите регистрирани граѓански организации и мрежи на граѓански организации, како и за неформални мрежи. Ги охрабруваме организациите да аплицираат во партнерство, бидејќи заедничката работа и споделувањето на искуства се клучни за успешни антикорупциски иницијативи,“ дополни Чаушоска.

Учесниците на информативната сесија имаа можност да поставуваат прашања и да се вклучат во дискусии за различни аспекти на повикот и процесот на аплицирање. Многу од присутните ја истакнаа важноста на ваквите иницијативи за зголемување на транспарентноста и отчетноста во општеството.

Погледнете го видеото од информативната сесија, и презентацијата за повикот.

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 4 септември 2024 година до 13:00 часот.

Организациите кои се заинтересирани за аплицирање се охрабруваат да ги следат сите упатства и да се регистрираат на платформата www.grants.mk за да ги поднесат своите апликации навремено. За повеќе информации и детали за повикот, заинтересираните организации може да поставуваат прашања на адресата: Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë , или да ја посетат веб-страницата на МЦМС.

Повикот за грантови за граѓанска вклученост во борбата против корупцијата е дел програмата Граѓаните против корупцијата финансирана од Американската агенција за меѓународен развој во Република Северна Македонија УСАИД.


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Голема заинтересираност за повикот за Грантови за граѓанска вклученост во борбата против корупцијата