Улогата на верските лидерки во процесите на РРР и П/СНЕ мора да биде зајакната - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Улогата на верските лидерки во процесите на РРР и П/СНЕ мора да биде зајакната PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 28 mars 2024 14:16

На 28 февруари 2024 година, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со организацијата Плеиадес, ја организираа тркалезната маса на тема „Улогата на жените верски лидерки во процесите на спречување насилен екстремизам (СНЕ) и ресоцијализација, рехабилитација и реинтеграција (РРР): размена на искуства меѓу Македонија и Албанија“.

MCMS9129 Custom

Пред присутните верски лидерки од Скопје, Гостивар и Тетово воведни обраќања имаа Златко Апостолоски, Национален координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам (НКСНЕБПТ), Муаз Агуши, Продекан на Факултетот за исламски науки, Скопје, Мерал Мусли Тајроска, претседателка на Плеиадес и Александар Кржаловски, директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

За предизвиците на религиското советување на странските борци повратници и нивните семејства зборуваше проф. д-р Ана Ука од Универзитет Бедер од Тирана, Албанија. Таа се осврна на институционалната поставеност и во таа смисла на Центарот за насилен екстремизам кој функционира од 2011 година и има координативна улога. Центарот го управува кабинетот на премиерот, а се финансира од државниот буџет. Таа истакна дека во моментов работат со жените и децата на странските терористички борци, бидејќи само тие се вратиле во земјата. Ука смета дека за рехабилитирање на мажите се потребни посебни услови кои во моментов земјата ги нема. Според неа, Исламската заедница треба да има многу активна улога во процесот на РРР на жените и децата. „Не е се во услугите од државата“, вели таа, „ако главен фактор за радикализација и заминување во Сирија и Ирак била верската идеологија, тогаш мора да се работи на тоа поле“, нагласи таа.

MCMS9135 Custom

Потребата од сериозна помош од Исламската верска заедница (ИВЗ) ја потенцираше и д-р Жаклина Просароска, од Бирото за јавна безбедност при МВР и член на НКСНЕБПТ. Таа се осврна на враќањето на жените и децата во заедниците по репатријацијата што ја направи државата и на потребата да се подготват нивните семејства и самата заедница. Просароска го истакна потенцијалот на жените во работата на овие теми и ги охрабри присутните да се вклучат во поддршката во соработка со институциите. „На локално ниво ни се потребни луѓе кои што имаат интегритет и жени кои имаат изграден позитивен имиџ во своите заедници за да им пристапат луѓето и нивните семејства“, додаде таа.

Фатма Карај, теолог и член на извршниот одбор на Меѓурелигискиот совет на Албанија се осврна на своите искуства од работата со жени вратени во Албанија, таа истакна дека работела само неколку месеци и имала многу предизвици. Работела со жени и со деца но не со младинци бидејќи тоа не било дозволено од нивните мајки. Според неа, причините заради кои заминале во Сирија и Ирак се економските услови, религиска индоктринација и надеж за подобра иднина. Во работата со нив таа идентификувала неколку проблеми како што се: неактивност во општеството, традиционалната улогата на жената, рани бракови на девојчиња, недостаток на образование, ниска или никаква вработеност, психолошка напнатност, страв кај децата итн. Карај вели дека жените повратнички имаат строго толкување на верските текстови и дека според нив, се е забрането, а својот престој таму тие го доживуваат како света мисија. Резултатите кои ги дала работата со жените и децата се однесуваат на подобреното меѓусебно разбирање, намалувањето на радикализацијата, подобрата интеграција во општеството, вклучувањето на децата во училиште, градењето нови контакти и сл.

MCMS9126 Custom

Националниот координатор Апостолоски истакна дека се работи на зголемување на улогата на жените верски лидерки во реинтеграција на луѓето вратени од воени боишта. Тој им рече на учесничките дека многу ја цени нивната улога и се надева дека во наредниот период почесто ќе се гледаат на вакви работилници, дека интензивно ќе работат на локално ниво и на местата каде што овие процеси на екстремизам се случуваат. Апостолоски ги покани да ја контактираат канцеларијата на НКСНЕБПТ доколку имаат иницијатива на локално ниво што може да биде поддржана.

Мерал Мусли Тајроска, психолог за РРР и П/СНЕ зборуваше за предизвиците со кои се соочиле како организација која е вклучена директно во работата со луѓе вратени од воени боишта. „Најголемиот предизвик беше како да се спроведе концептот на психотерапија за луѓе кои никогаш не посетиле психолог“, рече таа. Меѓу другите, таа ја спомна и зависноста на децата од родителите, лошите услови во кои живеат и недостатокот на документи за децата родени во воените зони. „Имајќи ги предвид сите предизвици, се радуваме и на малите успеси“, рече таа.

MCMS9109 Custom

М-р Рудина Цинари, член на Меѓурелигискиот совет на Албанија зборуваше за меѓуверскиот дијалог во Албанија и за потребата од подобро меѓусебно запознавање за да се намали просторот за предрасуди, во сите области, не само во религијата.

За време на дискусијата учесничките се интересираа за тоа дали самите повратници се заинтересирани за помош? Дали и кога може да се каже дека се ресоцијализирани? Колку се убедени во исправноста на одлуката да се вратат во своите земји? Жените верски лидерки бараа повеќе информации за да бидат спремни кога ќе работат со повратниците, да знаат колку тие луѓе се блиски со државните институции и дали соработуваат со верските заедници?

MCMS9160 Custom

Настанот помогна да се разменат искуства и да се отвори дискусија за практиките на религиозно советување, за предизвиците со кои се соочуваат теолозите во работата со странските терористички борци повратници, за предизвиците на процесот на рехабилитација и рехабилитација од психо-социјална перспектива во Албанија и во Северна Македонија.

Тркалезната маса е дел од програмата „Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата“ кој го поддржува ГЦЕРФ, а го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Нексус – граѓански концепт, Иницијатива за европска перспектива (ИЕП), Здружението за активен и здрав развој на жените и децата „Плеиадес“ и Здружението за граѓански активизам и охрабрување на општествената одговорност „Хоризон Цивитас“.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Улогата на верските лидерки во процесите на РРР и П/СНЕ мора да биде зајакната