Обука за раководење и развој на човечки ресурси - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обука за раководење и развој на човечки ресурси PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 04 korrik 2008 01:00

„Оваа ми е втора обука од МЦМС во која ја имав ретката можност да бидам ко-обучувач и непосредно да учествувам во целиот процес на обуката. Ова искуство за мене беше неверојатен предизвик во однос на обогатување и продлабочување на досега стекнатите знаења и соодветно пренесување на истите на учесниците. Воедно отворање на нови перспективи за потемелни согледувања на можностите за имплементација на компонентите на раководењето со човечки ресурси“ , ни кажа Весна Димовска, учесник на обуката.

9b3fc46c68d9104284e9d9d0294ee815

Македонскиот центар за меѓународна соработка, во периодот од 26 до 28 јуни оваа година, во хотел Белведере во Охрид, одржа обука за раководење и развој на човечки ресурси. Оваа обука на учесниците им овозможи да стекнат знаења за системот, процесот и алатките за управување со човечки ресурси. Целта на обуката беше да се зајакнат интерперсоналните вештини за ефективно управување со човечки ресурси и обезбедување на алатки за развој на ресурсите во организациите, кои на успешен начин беа и постигнати. Содржините кои беа обработени за време на обуката беа системот за раководење со човечки ресурси, регрутирање на персоналот, развој на персоналот, следење на перформансите и систем за наградување и мотивација на персоналот.

На обуката присуствуваа 10 учесници, претставници на фирми како и индивидуални учесници, каде во пријатна работна атмосфера учесниците можеа да стекнат нови знаења и вештини.

„Многу сум задоволна од обуката, беше многу информативна, исполнета со практични вежби, но истовремено покрепена и со солидни теоретски знаења. Доколку во иднина имам контакт со менаџерство ќе имам огромна корист од истата, особено многу ќе ми послужат вежбите за интервјуто и описот на работно место во било кое работно место“, ни кажа на крајот на обуката Александра Спасовска.

Обуката ја спроведе Сунчица Саздовска, раководител на одделението за граѓанско општество во МЦМС и Весна Димовска, ко-обучувач.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Обука за раководење и развој на човечки ресурси