Онлајн екстремизмот во Северна Македонија - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Онлајн екстремизмот во Северна Македонија PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 12 qershor 2023 13:33

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) подготви инфографик за Онлајн екстремизмот во РСМ при што ги користеше податоците објавени во истражувањето Онлајн екстремизмот во Северна Македонија: политика, етникуми и религија на истражувачите на Мрежата Стронг ситис (Strong Cities Network). 

SCN v3 mkd

Од истражувањето се гледа дека екстремизмот како појава во виртуелната сфера постои и кај етничките Македонци и кај етничките Албанци. Од содржините кои имаат карактер на поларизација, омраза и екстремизам, најбројни се наративите со политичка поларизација. Поголем процент од пораките се на македонски јазик (73%). Најголем број од овие пораки се објавени на Твитер (55%), а потоа следуваат Фејсбук и Веб форумите. Околу една четвртина од идентификуваните содржини имаат елементи на етничка омраза. 

За користењето на податоците, МЦМС обезбеди претходна согласност. Самата подготовка е направена како дел од програмата „Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата (РРП)“ што ја спроведуваат МЦМС, Нексус – граѓански концепти, Иницијативата за европска перспектива, Плеиадес и Хоризон Цивитас, а финансиски го поддржува Глобалниот фонд за ангажираност и отпорност на заедницата – ГЦЕРФ.

SCN v3 mkd

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Онлајн екстремизмот во Северна Македонија