Корупцијата стана проблем број 1 за граѓаните - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Корупцијата стана проблем број 1 за граѓаните PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 09 dhjetor 2021 10:12

Корупцијата е најголем проблем за граѓаните, за разлика од претходните години кога на првите три места беа егзистенцијалните прашања како  невработеноста, сиромаштијата и ниските приходи, или политичката нестабилност. Ова го покажа последното истражување за проценка на корупцијата спроведено од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). 

izvestaj seldi 2021

Вкупно 80% од македонските граѓани сметаат дека желбата за брзо лично богатење на оние кои се на власт влијае на широката распространетост на корупцијата. Покрај тоа, значен фактор е и недостатокот на строга административна контрола на корупцијата, неспроведување на законите и недоволна заштита на лицата кои пријавуваат корупција.

Иако околу една третина од граѓаните (33,7%) биле изложени на коруптивен притисок, а 32,9% биле вклучени во корупција, сепак, корупцијата останува неказнива. Овој процент, претворен во апсолутни бројки, под претпоставка дека се работи за поединечни случаи, покажува дека станува збор за потенцијално над 550.000 сторени дела. Во 2020 година, вкупно 82 лица биле осудени за злоупотреба на службената положба или поткуп, односно, стапката на ефикасност на институциите од 0,015%, толкав е процентот на случаи кои се обработуваат наспроти оние кои претпоставуваме дека се случуваат.

final korica seldi 2021 1Што се однесува пак до подложност на давање поткуп, мал број од граѓаните (4%) рекле дека би платиле, а 17% би платиле  доколку можат да си дозволат. За разлика од нив, 45% не би платиле во никој случај, додека 31% не би платиле доколку има друг начин да го решат проблемот. Проекцијата на процентите врз возрасното население покажува дека 750.000 од граѓаните не се подложни на корупција, но, 500.000 граѓани би платиле доколку нема друг начин. Во овој момент тоа значи ограничен извор на отпор кон обидите за заобиколување на правилата, а со тоа и ограничен човечки потенцијал за колективно спротивставување на корупцијата. Мало охрабрување носи споредбата на соодносот на прифатливост и неприфатливост на корупцијата. Имено, ако се земат во предвид различните форми на коруптивни практики и се споредат со оние кои не прифаќаат воопшто никакви форми на корупција, соодносот е 63% кои не би прифатиле, наспроти 37% кои би прифатиле такво однесување. Тој сооднос е подобрен во однос на минатите две истражувања кога релациите биле 59% - 41% и 50% - 50%.

Сепак, граѓаните не се оптимисти за намалувањето на корупцијата. Речиси три четвртини сметаат дека постои веројатност или голема веројатност за коруптивен притисок и во иднина. Граѓаните ги препознаваат судиите, министрите, пратениците, градоначалниците и обвинителите како најкорумпирани. Според нив, речиси секој или повеќето се вмешани во корупција и бројките се движат од 73% кај обвинителите до 80% кај судиите. Овие бројки ги следат и институциите па така, на скалата од еден до пет, каде што еден значи воопшто нема корупција, а пет значи распространетост на корупцијата од највисоко ниво, 75% од граѓаните дале највисоки оценки (четири и пет) за распространетост на корупцијата во судовите, 71% за распространетост на корупцијата во обвинителството и над 66% сметаат дека корупцијата е распространета во Владата и Царината.

Што се однесува до довербата во антикорупциските институции таа како целосна или делумна стигнува блиску до 1/3 од испитаниците. Односно, речиси 33% граѓаните имаат целосна или делумна доверба за справување со корупцијата во Владата, 30% во Министерството за внатрешни работи, а Државната комисија за спречување корупција е на трето место со околу 24%. Довербата во овие институции значително опаднала во споредба со 2019 г. (36,4% во Владата, 39,6% во МВР)  и  2018г.  (48,6% во Владата, 50,3% во МВР), а слична е ситуацијата и со ДКСК, недовербата пораснала од 51,9% од 2018, 65,7% во 2019 до 72,7% во 2021 г.  Довербата во судовите е околу 22%, а во обвинителството околу 23%.

За МЦМС анкетата ја спроведе ИПСОС. Податоците беа прибирани преку анкета лице в’ лице која беше спроведена во периодот од 27 април до 20 мај 2021 на репрезентативен примерок е 1014 полнолетни лица.

Извештајот е подготвен како дел од проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за мониторинг, застапување и подигање на јавната свест“, кој е финансиски поддржан од Европската Унија. 

Ова е петтиот Извештај за проценка на корупцијата што го подготвува МЦМС. Вакво истражување во земјава за прв пат е спроведено во 2001 година како дел од споредбената анализа на корупцијата во Југоисточна Европа, што ја направи мрежата СЕЛДИ. Проценката се заснова на Системот за следење на корупцијата (ССК).

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Корупцијата стана проблем број 1 за граѓаните