Борбата против корупцијата - работа на најкорумпираните: предлози за намалување на јавната перцепција за корумпираност во институциите - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Борбата против корупцијата - работа на најкорумпираните: предлози за намалување на јавната перцепција за корумпираност во институциите PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 30 nëntor 2021 15:42

Гонењето и казнувањето на дела на корупција е една од најголемите грижи на јавноста. Тоа е централната задача на службите кои го спроведуваат законот. Судовите особено треба да се фокусираат на ова и ефикасно да се соочат ваквиот криминал. Од правосудните институции се очекува да подигнуваат обвиненија, да обезбедат соодветна казна за сторителот, односно, да постигнат успех во решавањето на кривичните дела поврзани со корупција.

seldi g1

Меѓу граѓаните, широко е распространета перцепцијата за голема корумпираност кај службените лица и јавната администрација. Податоците од истражувањето на мрежата СЕЛДИ покажуваат дека скоро две третини од граѓаните (69%) мислат дека службените лица се вмешани во корупција и само 5,4% од граѓаните веруваат дека ретко кое службено лице е вмешано. Со години наназад, токму професиите кои треба да се борат со корупцијата, граѓаните ги перцепираат како најкорумпирани. Трендот на зголемување на тој став е особено видлив кога станува збор за судиите и полициските службеници. Кај судиите, ставот за корумпираност расте од 76% во 2018г. до високи 90% во 2019г. и 2021г. Кај полициските службеници има зголемување од 13 процентни поени од 2018г до 2021г. кога изнесува 65%. Перцепцијата на граѓаните за корумпираноста на јавните обвинители сите овие години е над 70%.

На креирање на ваквите ставови влијаат првенствено личните но, и пренесените искуства од блиски роднини, пријатели, познаници за распространетоста на корупцијата. Голема улога има и општата слика за професиите и изложеноста на корупција помеѓу одредени професии, потоа, општата перцепција за корупцијата и големиот интерес на медиумите.

Сите имаат одговорност за градење одржлив систем за борба против корупцијата и доверба во институциите. Државата треба да демонстрира политичка волја и да обезбеди поддршка и пристап до информации за сите чинители. Потребно е да се преземат конкретни чекори од овие институции заради кои, граѓаните би ги смениле перцепциите. Значителен успех може да се постигне само ако обвинителството и полицијата, како и другите институции кои се вклучени во истрагите, соработуваат поблиску и доверливо и нивните активности носат резултати. Особено е важно, овие институции да покажат дека ги спроведуваат законите и тие важат за сите, без исклучок. Да ја казнуваат корупцијата не само во сопствените редови туку кај функционерите.  Случаите мора да бидат процесирани до крај. Дејствијата во борбата со корупцијата мора да се одвиваат со потполна независност, а граѓаните да бидат уверени дека правдата е возможна во земјата во која живеат.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Борбата против корупцијата - работа на најкорумпираните: предлози за намалување на јавната перцепција за корумпираност во институциите