Мора да ја зголемиме информираноста за процесот на евроинтеграции - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Мора да ја зголемиме информираноста за процесот на евроинтеграции PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E shtunë, 28 nëntor 2020 10:48

Во периодот кога пристапувањето  на земјата во Европската Унија, повторно е ставено на тест, дваесет претставници на граѓански организации, два дена учеа, дискутираа и ги применуваа новите знаења за евроинтеграциите. Тие стекнаа повеќе знаења за институциите на ЕУ, за тоа што претставува европското „аки“ (acquis) или европското право и кои се политиките на ЕУ. Заедно со обучувачите Малинка Ристевска Јорданова, Јулијана Караи и Стефан Ристовски разговараа за проширувањето на Унијата, за тоа што претставува политиката на условеност, за Спогодбата за стабилизација и асоцијација како и за обврските за усогласување на политиките и законодавството. 

obuka evrointegracii izvestaj

Извештаите на Европската комисија беа посебно дискутирани од учесниците во групи. Тие ги издвоија деловите кои се однесуваат на областа во која работат нивните организации и дадоа препораки. Потоа разговараа за структурата и организацијата на процесот на пристапување, за политиките и механизмите на усогласување и за економските реформи. Од презентацијата на Христина Конеска Бероска, раководителка на секторот за интеграција во  Секретаријатот за европски прашања (СЕП) имаа можност да слушнат како се одвива процесот внатре во СЕП. За дел од нив, ова беа нови сознанија или како што рече Јасна Ерцеговиќ од Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби, „сега знам колку е комплициран овој процес“. 

„Бидејќи имам студирано европско правo и магистрирано на ЕУ интеграции, првично се помислив дали да се пријавам и дали ќе има нешто ново за мене. Сепак, добра одлука што се пријавив, одлично искуство“, рече Весна Бочварска Цветковска од Центарот за управување со промени. „Одличните експерти од областа и одличнате структура на обуката ми го освежија знаењето но, ми дадоа и нови, релевантни информации, примери, искуства од регионот, а благодарение на гостите предавачи од СЕП, ми дадоа и практично искуство, со еден збор, ‘одлично’“, додаде таа.  

Учесниците ги разгледаа фазите на преговарачкиот процес, искуствата на другите земји во нивниот процес на пристапување, а зборуваа и за новата методологија на проширувањето. Важно беше да се продискутира и учеството на граѓанскиот сектор во процесот на пристапување, учеството во процесот на креирање и спроведување политики, искуствата од регионот и дали тие можат да се искористат за креирање на националниот механизам.

За претпристапната поддршка, за ИПА и за другите програми учесниците имаа можност да слушнат повеќе од Евгенија Серафимовска-Криковски, раководителка на секторот за ИПА и друга странска помош во СЕП. „Голем дел од информациите што ги слушнав од Евгенија, за мене се нови“, рече Нергин Сејфовски од Делта општество. 

Иако обуката се одвиваше преку платформата Зум (ZOOM), тоа не ги спречи учесниците и обучувачите да имаат живи дискусии со многу прашања и дилеми, со многу интеракција. За некои од учесниците, како Андријана Николовски од здружението Еуромобилност, ова е поттик за истражување на темата, „ме натеравте многу да читам за овој процес“, рече таа. За други донесе други сознанија. „Со можностите за враќање и повторно отворање на поглавјата, патот ќе ни биде како ‘Не лути се човече’“, рече Јасминка Кочанковска од здружението на еднородителски семејства Дел од сите од Битола.

Обуката се одвиваше на 26 и 27 ноември 2020 година, а ја организираа Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Телевизија Телма како дел од проектот ЕУро Фокус кој е поддржан од проектот „Нордиска поддршка за напредокот на Северна Македонија“.

 

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Мора да ја зголемиме информираноста за процесот на евроинтеграции