Управувањето со ризици е чекор подалеку од управувањето со криза - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Управувањето со ризици е чекор подалеку од управувањето со криза PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 26 nëntor 2020 18:54

Обуката за управување со ризици во граѓанските организации им помогна на 17 учесници да ги зајакнат капацитетите на нивните организации за предвидување и управување со ризиците. Таа се одржа на 18, 23 и 26 ноември 2020 година преку онлајн платформата ЗООМ.

3 Slika za obuka za rizik br. 2

На обуката се потенцираше важноста од проценката на ризик, како  и воспоставувањето и практикувањето на функционални системи за управување со ризик  од страна на организациите. Учесниците низ меѓусебно разменување на информации суштински можеа да увидат која е разликата меѓу управување со кризна ситуација и управување со ризици. Беше констатирано дека во пракса, организациите многу често гасат пожари ама не посветуваат време за да направат систем на предвидување на ризици кои ќе знаат да ги следат и на соодветен начин, да ги ублажат во текот на организацискиот развој. 

„Обуката за менаџмент на ризици, ми помогна да го надополнам и целосно да го завршам започнатиот регистер на ризици во мојата организација, полесно да го дефинирам ризикот и да направам дистинкција помеѓу реалноста со која се соочуваме во организацијата и потенцијалниот ризик“, рече Весна Глигорова, финансиски менаџер во Центарот за управување со промени (ЦУП). Според неа, секоја ГО, без разлика на големината, треба да има регистер на ризици зошто на тој начин полесно ќе ги предвидува настаните и полесно ќе се носи со ризиците. 

„Обуката е ново искуство за мене“, изјави Јосипа Ризанкоска од здружението Дијалог – центар за делиберативна демократија. „Ова беше одлична можност да размислам за реалните ризици со кои се соочуваме како тим, а кои може да се менаџираат преку добро планирање и нивно навремено и редовно ревидирање“, додаде таа. Ризанкоска истакна дека веќе работат на градење на матрица на ризици преку која, идната година ќе знаат која би била веројатноста и каков ефект би имале потенцијалните ризици врз нивната работа, и „најважно од сѐ, колку ризик сме спремни да прифатиме со цел да станеме препознатлив потенцијал во граѓанското општество“, рече таа.

За опасностите од злоупотреба на граѓанските организации за цели на тероризам зборуваше Искра Дамчевска од Управата за финансиско разузнавање (УФР).  Таа истакна дека злоупотребата може да се случи преку собирање и трансферирање на средства, за обезбедување на логистичка поддршка, за поттикнување и регрутирање на терористи и друг вид поддршка на терористичките организации и операции. Таа ја потенцираше важноста за унапредување на системот на превенција од тероризам, заштита на интегритетот на ГО, зачувувањето на довербата на јавноста и донаторската заедница.

Поради настанатата ситуација со Ковид-19, методологијата на работа беше комбинација од видео сесии во живо  и работа во групи на ЗООМ. Обуката ја водеше Вероника Волдан, консултант за проекти во ЦНВОС – национална мрежа на граѓански организации во Словенија, која има повеќе од 15 години искуство во управување со  програми и градење на капацитетите на организациите во Словенија и регионот.

Обуката се реализираше во рамките на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“ која ја спроведува МЦМС во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, а е финансирана од Европската Унија. 

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Управувањето со ризици е чекор подалеку од управувањето со криза