Карактерот на политичката дебата на Твитер: Споредба помеѓу двете најголеми македонски политички партии и лидери - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Карактерот на политичката дебата на Твитер: Споредба помеѓу двете најголеми македонски политички партии и лидери PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 06 tetor 2020 15:49

Дата: јули 2020
Автори: Александар Костадинов, Фанија Ивановска
PDF: karakterot-na-politickata-debata-na-twitter.pdf

karakterot na politickata debata na twitterСоцијалните платформи, особено Фејсбук и Твитер земаат се поголем замав во политичките кампањи. Па така, на македонската политичка сцена се бележи раст на користењето на социјалната платформа Твитер во последните години. Иако Твитер како медиум се користи веќе неколку години од страна на политичките партии и нивните лидери, сепак од добиените податоци може да се заклучи дека интензитетот на користење е поголем за време на политичка кампања. Во следниот бриф споделуваме некои согледувања за карактерот на политичката дебата на Твитер помеѓу двете најголеми македонски политички партии. 

Предмет на анализа на овој бриф се Твитер профилите на најголемите македонски партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како профилите на нивните лидери. Периодот кој беше предмет на анализа е 3 јануари – 12 јули 2020 г., односно месеците од кога започнува функционирањето на преодната влада, па се до почетокот на предизборниот молк од предвремените парламентарни избори. Објавите (postings) се снимени со помош на софтвер за машинско учење, каде во набљудуваниот период се снимени 3.579 твитер објави од четирите официјални твитер профили.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Карактерот на политичката дебата на Твитер: Споредба помеѓу двете најголеми македонски политички партии и лидери