Дискусија за соработката меѓу бизнис заедницата и граѓанското општество |
E hënë, 28 shtator 2020 11:51 | |||||||||||||
Граѓанскиот ресурсен центар ги поканува сите заинтересирани да учествуваат на онлајн настанот „Важноста на соработката на бизнис заедницата и граѓанското општество за градење на подобро општество “што ќе се одржи на 29 септември 2020г. од 13:30 часот на платформата ЗООМ. Претставници од граѓанскиот и приватниот сектор ќе говорат за досегашните искуства од соработката која ја оствариле и ќе понудат практични совети за мобилизирање ресурси. Всушност, оваа тема е од огромно значење за граѓанските организации кои работат на зголемување на својата одржливост и независност од типичните донатори. Настанот ќе понуди нова перспектива за оние организации кои досега не размислувале за мобилизирање локална поддршка од бизнисите, а од друга страна ќе даде конкретни информации за потенцијалот и можностите кои ги нуди ваквата соработа за оние здруженија кои се двоумат или се плашат дека ќе бидат одбиени. Агенда
|