Можност за поднесување пријави за Институционални грантови ЦМ-ИНС-05 и по електронски пат |
E enjte, 28 maj 2020 09:47 | |||
Повикот за Институционални грантови со Реф. бр. ЦМ-ИНС-05 е во тек. Заради дополнителна заштита од ширењето на вирусот Ковид-19, Цивика мобилитас овозможува доставување на пријавите и по електронски пат. Доколку некоја од организациите сепак сака да ја поднесе пријавата лично, преку пошта или со курирска служба, ве информираме дека остануваат да важат сите насоки дадени во Водичот за повикот Реф. бр. ЦМ-ИНС-05. Рокот за доставување на пријавите на било кој од горенаведените начини е 1 јуни 2020г, до 16:00 часот. Пријавите кои ќе бидат поднесени по електонски пат треба да бидат испратени преку електронска пошта на адресата: Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë со назнака: „Јавен повик за Институционални грантови Реф. бр. ЦМ-ИНС-05“. Датумот и часот на пристигнување на електронската пошта ќе се смета за релевантен доказ за поднесување на пријавата во зададениот рок. Апликантите ќе бидат известени за приемот на пријавата со повратен одговор на нивната електронска порака. Пријавите пратени по електронска пошта мора да бидат испратени во една порака која во прилог ќе ги содржи следните документи:
Изјавата за апликантот треба да содржи име и презиме на правниот застапник (согласно приложената тековна состојба); позиција на правниот застапник; потпис и печат (може и електронски печат и потпис); место и датум;
Сите документи треба да бидат доставени и во Word/Excel и во PDF формат (каде што е применливо). Фајловите да се компресираат (намалат) во Zip формат и големината на компресираниот (намалениот) зип фајл да не надминува 5 MB. Сите информации за целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во Водич за апликантите
|