Скроени обуки за организациско јакнење на четири здруженија - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Скроени обуки за организациско јакнење на четири здруженија PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 09 gusht 2019 14:37

Граѓанскиот ресурсен центар организираше три скроени обуки за стратешко позиционирање на четири организации: Организација на жени на општина Битола, Еквинокс скаут Штип, Здружение за доброволно младинско работно ангажирање Волонтери – Пелистер Битола  и Доброволно противпожарно друштво Свети Николе.  Секој ментор работеше индивидуално со по една организација. На овој начин се ставија во фокус нивните поединечни потреби, а учесниците заедно работеа на јакнењето на сопственото здружение.

skroeni obuki za organizaczisko jaknene na chetiri zdruzhenija 1

Работилниците се одржаа во Скопје, Битола и Штип во периодот од 26 јули до 1 август 2019 година и на нив учествуваа 22 претставници од четирите организации. Работилниците ги спроведоа менторите Сунчица Саздовска, Валентина Атанасовска и Драгана Митровиќ.

„Волонтери- Пелистер е новооснована организација чии членови покажаа голем ентузијазам. Работилницата  ќе им користи бидејќи имаат капацитет, имаат можност за напредок и единствено им е потребен некој да ги води низ процесот на подготвување на основните организациски документи“, рече менторката Валентина Атанасовска.

Учесниците имаа задача врз основа на историјата на својата организација од основањето до сегашноста да го утврдат нејзиниот стадиум од животниот циклус и научија како да се справат со предизвиците кои тој ги носи. Дополнително, здруженијата ги формулираа или прилагодуваа своите визија и мисија, а исто така ги дефинираа стратешките приоритети на работењето преку анализа и приоретизирање на услугите и продуктите на организацијата.

skroeni obuki za organizaczisko jaknene na chetiri zdruzhenija 2

Учесниците ги оценија овие скроени обуки како многу корисни и продуктивни, а побараа и нивно почесто организирање во иднина. Како главна придобивка од учеството ја  истакнаа можноста повеќе членови на една организација да работат заедно со ментор.

Работилниците се дел од активностите на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар и Медиа плус од Штип.

skroeni obuki za organizaczisko jaknene na chetiri zdruzhenija 3


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Скроени обуки за организациско јакнење на четири здруженија