Дебарските здруженија со најголем успех на полето на животната средина - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Дебарските здруженија со најголем успех на полето на животната средина PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 03 qershor 2019 09:19

Општина Дебар се карактеризира со автентичен развој на граѓанскиот сектор со повремени остварени соработки со организации и институции од околните општини Центар Жупа и Маврово и Ростуша. За време на Мобилен ресурсен центар во Дебар, претставниците на 10 граѓански организации дискутираа за нивните предизвици, интереси и идеи. Настанот се одржа на 21 мај во соработка со Центарот за одржлив развој на заедницата (ЦОРЗ) Дебар.

20190531 МРЦ Дебар.jpg

Структурата на населението, сочинето од неколку етнички групи, во прв план ги става акциите за подобрување на меѓуетничкиот дијалог. Иако повремените акции на локалните здруженија се недоволни да се зајакне нивното влијание во заедницата, тие сепак бележат успех во зачувувањето на животната средина преку акцијата „Да ги зачуваме балканските реки – Стоп за напливот на хидроцентрали!“.

Здруженијата од Дебар истакнаа дека најголем предизвик е одржливоста и одливот на кадарот од организациите, а додадоа и дека имаат проблем со простории и опрема за непречено работење.

Меѓусебната соработка е на задоволително ниво, но сметаат дека имаат потреба од работилници на кои, заедно со општината ќе ги детектираат приоритетите и на тој начин ќе се вклучат во нејзиниот развој.

Беа истакнати и предностите на соработка со локалните медиуми како и можностите за прекугранична соработка земајќи ја предвид поволната позиција на општината и близината со Република Албанија. Потребни се и акции за вклучување на организации кои застапуваат интереси на лица со попреченост. Иако веќе се преземени активности за јакнење на женското лоби, потребна е континуирана поддршка на овие здруженија.

20190531 МРЦ Дебар (2).jpg

Покрај средбата со локалните граѓански организации, тимот на ГРЦ имаше состанок и со градоначалникот на Општина Дебар,  Хекуран Дука, како и со дел од општинската администрација. Тие беа информирани за работата на Ресурсниот центар во Гостивар и за заклучоците од средбата со локалните граѓанските организации. Градоначалникот истакна дека општината е отворена за соработка со граѓанските организации.

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Дебарските здруженија со најголем успех на полето на животната средина