Рејтинзи на политичките партии - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Рејтинзи на политичките партии PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 09 gusht 2018 11:01

Речиси изедначена е поддршката што СДСМ (24,4%) и ВМРО-ДПМНЕ (24,0%) ја имаат кај потенцијалните гласачи, покажа последната анкета што за МЦМС ја спроведе агенцијата М-Проспект. ВМРО-ДПМНЕ има мала предност кај етничките Македонци (31,2%) наспроти СДСМ (28,3%), додека СДСМ се уште има поддршка кај 8% од етничките Албанци, за разлика од таа за ВМРО-ДПМНЕ која е помала од 1%.

simpatizerstvo kon partii

Поддршката за ДУИ изнесува 6,9%, за Алијансата на Албанците 2,7%, а за Беса, 1,7%. Вкупно 2,5% од испитаниците поддршката им ја даваат на други политички партии. За забележување е високиот процент на оние кои рекле дека не знаат или нема да гласаат 37,8%.

Проверката на рејтинзите на политичките партии беше дел од испитувањето на јавното мислење за претстојниот референдум, кое беше спроведено во периодот од 24 јули до 1 август 2018 година. На испитаниците им беше поставено прашањето: „За која партија ќе гласате доколку утре се одржат парламентарни избори?“.

Сите податоци се објавени во извештајот „Референдум 2018 - Ставови на јавноста во Македонија“. 

Податоците беа прибирани телефонски (CATI), а примерокот е повеќеслоен стратификуван и го сочинуваат 1026 испитаници постари од 18 години, репрезентативен според пол, возраст, етничка припадност и место на живеење, а дизајниран според периодичната проценка на Државниот завод за статистика од 2017 година. Користен е случаен избор на испитаници, со рандомизирано бирање на броеви и методот на „нареден роденден“. Сите резултати се подложни на статистичка грешка од 3,1% со прифатливо ниво на доверба од 95%.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Рејтинзи на политичките партии