Конференција „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации“ - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Конференција „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации“ PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 26 prill 2018 15:02

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) со поддршка на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на проектот „Националниот ресурсен центар за граѓански организации”, ја организираат конференцијата „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2018-2020". Се работи за дводневен настан кој ќе се одржи на 8 и 9 мај 2018 година во Клубот на органите на државната управа, Скопје. 

otvoreno vladino partnerstvo

Конференцијата ќе ја отворат Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација, Н.Е. Микаела Швајзер- Блум, Заменик Амбасадор на САД во Македонија, Никола Бертолини, Раководител на секторот за соработка на Делегацијата на ЕУ во Македонија, и Гордана Гапиќ Димитровска, Министерство за информатичко општество и администрација. 

Првиот ден ќе се дискутира за отвореното владино партнерство и напредокот и резултатите од спроведувањето на Националниот акциски план (НАП) 2014-2016.

Презентациите вториот ден ќе се однесуваат на Независниот извештај за прогресот 2016-2017 направен од Механизмот на независно известување, и искуствата и препораките за приоритизација и селекција на предложени заложби. Во текот на денот предвидена е и работа во групи што ќе им овозможи на граѓанските организации (ГО) да дадат насоки и препораки за следниот акциски план за периодот 2018-2020.

Целта на конференцијата е да ја промовира иницијативата Отворено владино партнерство меѓу ГО и подетално да ги информира за остварениот прогрес, да создаде простор за дискусија меѓу ГО и владините институции за искуствата и предизвиците во спроведувањето на третиот акциски план и самите да учествуваат во креирањето на новиот. 

Заинтересираните учесници треба да бидат претставници на граѓански организации кои работат во областите кои се релевантни за Отворено владино партнерство. За учество на конференцијата потребно е да го потврдите своето присуство со испраќање на пополнета пријава за учество  на Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë најдоцна до 4 мај 2018 година

Националниот ресурсен центар за граѓански организации е проект финансиран од Европската Унија.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Конференција „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации“