Граѓанските новинари – Гласот на општеството - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓанските новинари – Гласот на општеството PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 22 shkurt 2018 15:02

Нови 15 претставници на граѓански организации и активисти се стекнаа со знаења и практични вештини од областа на граѓанското новинарство. Со тоа, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Телевизија Телма  успешно обучија 83-ца граѓани кои ќе станат гласот на нивните заедници.

Webp.net compress image 2

Програмата беше сочинета од теоретски и практичен дел за пишување на новинарски стории, фото и видео новинарство и етиката во граѓанското новинарство. Исто така, се дискутираше за социјалните медиуми како канали на комуникација и блогирањето како можност за правење општествена промена.

Обучувачи беа Боби Христов од Телевизија Телма, Томислав Георгиев, професионален фотограф, Гонце Јаковлеска, Борис Ристовски и Фанија Ивановска од МЦМС. Тие се задоволни што учесниците активно ја следеа обуката, поставуваа многу прашања и покренаа продуктивни дискусии.

Webp.net compress image 3

„Како дел од Перципио, сега можам да придонесам за подобро пишување новинарски стории и објави на самата организација, но и да им помогнам на другите членови за тоа како треба структурно да изгледа една фотографија или текст“, задоволно сподели со нас Никола Михајловски, еден од учесниците.

МЦМС организираше пет вакви обуки за граѓанско новинарство. Тие беа од регионален карактер и се одржаа во Скопје, Битола, Штип, Струмица и последната во Охрид. Ова беше една од активностите планирани со проектот Топ тема на ваша страна“, што МЦМС го спроведува заедно со Телевизија Телма. Проектот е финансиран од УСАИД.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Граѓанските новинари – Гласот на општеството