Прогласени победниците во првиот конкурс за граѓански новинари |
E hënë, 25 dhjetor 2017 14:17 | |||
Македонскиот центар за меѓународна соработка и Телевизија Телма ги избраа добитниците на наградите за граѓанско новинарство од првиот конкрус за приказни и фотографии на граѓански новинари. Во категоријата приказни на граѓански новинари, првото место го доби „Девојката со осите“ од Сашко Тодоров, а второто, „Загаденост во околината на Штип“ од Александар Стеванов. Во категоријата фотографии/фоторепоражи и видеа наградена е видео темата „Првата вело-лента во Скопје, опасност за велосипедистите“. На првиот конкурс за приказни и фотографии на граѓански новинари пристигнаа вкупно 11 пријави. Телма и МЦМС денес го отворија новиот конкурс што ќе трае до 11 февруари 2018 година. Ги поттикнуваме сите заинтересирани граѓаните да ги актуализираат проблемите кои непосредно ги засегаат, да ги забележат и на вистинскиот начин да информираат за нив, и на тој начин да ги предизвикаат институциите да постапат.
|