Ме има на интернет, значи постојам |
E martë, 27 dhjetor 2016 14:46 | |||
Вака учесниците на работилницата „Интернет присуство на граѓанските организации“ ја разбираат потребата од поголема „он-лајн“ активност на нивните организации. „Овој настан ми дава можност да го потврдам своето досегашно познавање во оваа област и да научам нешто ново“, рече Светлана Папачек, од Организацијата на жени од Битола. Вкупно 18 учесници имаа можност да ги подобрат своите вештини поврзани со употребата на социјалните медиуми, подобрување на веб-страните, подготовка на содржини, планирање на кампањи, употреба на видео итн. Покрај тоа, учесниците имаа можност за вмрежување и разгледување на потенцијални заеднички соработки. Работилницата што ја организираше Проектот ТАКСО (Техничка поддршка за граѓански организации) заедно со Ресурсниот центар воден од МЦМС се одржа од 21 до 23 декември во Битола.
|