Тесните врски помеѓу парите и политиката |
![]() |
![]() |
![]() |
E shtunë, 11 qershor 2016 15:39 | |||
Автор: Ана Јаневска Делева и Цветанка Михајловска
Политичките партии се столбови на современите демократии. Тие се клучни за генерирањето активни политички актери и создавање политики кои преку избори и легитимно владеење прераснуваат во политички решенија. Оттука, како креатори на политичкиот живот во едно општество, политичките партии потенцијално се носители не само на моќ, туку и на одговорност за негување на демократските принципи. Токму и затоа начинот и контролата на нивното финансирање е важно за создавање и одржување стабилен и легитимен политички систем.
|