Се комплетираа специфичните грантисти |
E mërkurë, 13 prill 2016 09:47 | |||
Новите четири специфични акциски грантисти на Цивика мобилитас, се состанаа на 11 април 2016 година и разменија информации за истражувачко-развојните акции. Од страна на тимот на Цивика мобилитас беа презентирани намената, приоритетите и очекувањата од овие и од трите претходно одобрени грантови, како и договорните права и обврски и процесот на склучување договор. Нови специфични акциски грантисти се: Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) за проектот „Унапредување на граѓанското општество и промовирање на принципите на добро владеење преку воведување на системи за квалитет во управувањето во граѓанските организации“, Центарот за регионални истражувања и соработка Студиорум ќе го спроведува „Индекс на граѓанско општество – Анализа и поддршка за развој на граѓанското општество“, Здружението за рамноправен развој Решенија за развој ќе креира и развива „Е-платформа за соработка и развој на граѓанското општество во Република Македонија“, додека Асоцијацијата за развојни иницијативи – ЗЕНИТ ќе го спроведе проектот „Нема подобрување без мерење - иновативен модел за набљудување, оценка и известување за граѓанскиот сектор во Македонија“. Претходно, во 2015 г. Комисија за избор на грантови ги избра Центарота за економски анализи за акциски-ориентираното истражување „Фискална децентрализација за подобар регионален развој на граѓанското општество“, Асоцијацијаата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ за спроведување на истражувањето „Граѓанското општество - пасивен или активен чинител во општествените промени?“ и Македонскиот институт за медиуми за „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“. На вториот, повторен повик за специфични акциски грантови, беа поднесени вкупно 19 пријави.
|