Насоки за Планот за 2016 година на проектот ТАКСО - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Насоки за Планот за 2016 година на проектот ТАКСО PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 25 shkurt 2016 16:53

На 23 и 24 февруари 2016 година, во Маврово, се одржа работилница на Локалната советодавна група (ЛСГ) на проектот ТАКСО. На работилницата се разговараше за реализираните активности на проектот во претходната година, за контекстот во кој делуваат граѓанските организации и за планот за оваа година.

nasoki-za-planot-za-2016-godina-na-proektot-takso-2

Според членовите на ЛСГ, најважните активности во претходната година биле оние со кои се зајакнувале капацитетите на граѓанските организации, тематските настани кои биле одговор на актуелните прашања, иницијативата за даночните закони, обуките за измени на законите релевантни за ГО и предлог одлуката за Советот за соработка и дијалог.

„ТАКСО реализираше повеќе активности во однос на претходната година“, рече Сунчица Саздевска, советник на проектот, „благодарение на зголемените капацитети кои ги добивме со ресурсниот центар воден од МЦМС“. Таа направи и споредба со другите ресурни центри на проектот и додаде дека македонската канцеларијата на ТАКСО спровела најмногу активности со најмалку искористени надворешни експерти, што е потврда за постоењето на експертиза внатре во ресурниот центар.

nasoki-za-planot-za-2016-godina-na-proektot-takso-2

Во дискусијата за контекстот, Ирена Иванова од Делегацијата на ЕУ истакна дека иднината на прашањата од овозможувачката околина е во вмрежувањето на граѓанските организации. Таа ги информираше присутните за идната поддршка на ЕУ на граѓанскиот сектор. Беа споделени и информациите за поддршката на УСАИД, преку Проектот за граѓанско општество што го спроведува ФООМ и поддршката на СДЦ, преку Цивика мобилитас што ја спроведува МЦМС.

Присутните ги разгледаа предлозите за Планот на ТАКСО за 2016 година и предложија дополнителни активности. Покрај тоа, тие разговараа и за приоритетните теми за настаните од програмата „Луѓе за луѓе“ и за насоките за поддршката на ЕУ на граѓанските организации во земјите на ИПА за периодот 2014-2020. На крај, се дикскутираше за препораките за работата на ЛСГ во 2016 година.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Насоки за Планот за 2016 година на проектот ТАКСО