Како ќе продолжи поддршката за Ромските организации? - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Како ќе продолжи поддршката за Ромските организации? PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 18 qershor 2015 13:05

Претставници од МЦМС и ИНСОК, кои се дел од тимот на програмата Пристап на Ромите до фондови, консултатите вклучени во програмата и Надир Реџепи, раководител на проектот на ОСИ „Да се направи максимум со фондовите на ЕУ за Ромите“ (МТМ) на 16 јуни 2015 година во просториите на МЦМС разговараа за текот на спроведувањето на активностите, но и за иднината на поддршката од Фондацијата Отворено општество од Будимпешта. 

IMG 6081

Според МЦМС и ИнСоК, активностите се спроведуваат според планот. Беше истакнато дека во периодот од јануари до април оваа година била поддржана подготовката на 17 проектни идеи кои биле развиени во предлог проекти и поднесени кај различни донатори. Во истиот период три од нив, со вкупен буџет од 177.851 евра биле поддржани, а за 14 со буџет од 1.095.829 евра се чека одговор.

IMG 6083

Консултантите ги пренесоа своите искуства од терен. Разговараа за предизвиците со кои се соочуваат во работата со ромските организациите, тесните грла во соработката и резултатите. Според нив, нивото на развој на ромските организациите се уште бара поддршка од сегашниот вид. Тие сметаат дека барем дел од активностите треба да продолжат на истиот начин, а за дел може да се бара поинаков начин на функционирање, без притоа да се потпираат само на поддршката на ОСИ. Имајќи предвид дека оваа фаза од поддршката завршува до крајот на идната година, разговорите за тоа што ќе се случува после 2016 година ќе продолжат.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Како ќе продолжи поддршката за Ромските организации?