Волонтерите и соработниците на Мировниот корпус се интерес за програмите на МЦМС |
E premte, 13 shkurt 2015 00:00 | |||
МЦМС ja претстави новата програма Цивика мобилитас и останатите активности пред волонтерите на Мировниот корпус кои веќе една година живеат и работат во Македонија како и пред нивните локални соработници, кои се претставници на граѓански организации, основни и средни училишта и општини. Настанот се одржа во Скопје на 13 февруари 2015 г. Околу 60 учесници имаа можност да слушнат за програмите и проектите на МЦМС, а во изложбениот дел да постават и прашања за конкретни активности. Најголем интерес имаше за активностите на МЦМС во полето на образованието, како и за можноста за грантови во Цивика мобилитас. Покрај МЦМС, на настанот учествуваа уште неколку меѓународни и национални организации, како Македонскиот центар за граѓанско образование, Амбасадата на САД, Програмата за развој на Обединетите нации, ТАКСО и др. Целта на настанот беше да се информираат волонтерите и нивните домаќини и соработници за организациите, програмите и активностите во кои можат да се вклучат или за грантовите за кои можат да аплицираат.
|