Отворена Линијата за поддршка на тутунопроизводителите и нивните работници - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Отворена Линијата за поддршка на тутунопроизводителите и нивните работници PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 10 tetor 2013 09:05

МЦМС, на 9 октомври 2013 година, во Кривогаштани, го означи почетокот на работата на Линијата за поддршка на тутунопроизводителите и работниците која во оваа пилот фаза ќе функционира до крајот на јули 2014 година. Линијата за поддршка им е наменета на тутунопроизводителите и работниците кај нив од подрачјето на општината Кривогаштани.

otvorena linijata za poddrshka na tutunoproizvoditelite i nivnite rabotnici

Преку Линијата за поддршка, тутунопроизводителите и работниците кај нив ќе можат да покренат прашања, да побараат помош и поддршка и да добијат повратна информација од операторите при што ќе им биде обезбедена доверливост. Во тимот оператори се вклучени и правен експерт и социјален работник, со цел да се обезбеди оптимална поддршка. На заинтересираните ќе им биде на располагање бесплатниот телефонски број 0800-24680.

Азим Шаукенбаев, генерален директор за Македонија од Филип Морис интернационал менаџмент С.А. (Philip Morris International Management S.A.), со чија поддршка се реализира оваа иницијатива, на отворањето на Линијата за поддршка се осврна на Програмата за земјоделски работни практики и истакна дека еден од стандардите е работниците да имаат пристап до фер, транспарентна и анонимна линија за поддршка дизајнирана да обезбеди помош и поддршка за прашањата поврзани со работниот ангажман на работниците и совети за деловното работење. „Заедно со Сокотаб и Алијанс Уан Македонија, целосно ја поддржуваме Линијата за поддршка како пилот проект во Кривогаштани кој го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка“, рече тој и додаде дека само сеопфатен пристап кој ги вклучува сите чинители: индустријата, владата, локалните власти, земјоделците и работниците кај нив може да резултира со подобрување на условите за живот на работниците и на земјоделците. „Ние веруваме дека оваа иницијатива е чекор во вистинска насока“.

otvorena linijata za poddrshka na tutunoproizvoditelite i nivnite rabotnici-2

На присутните им се обратија и Димче Митрески, извршен директор на МЦМС и Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани. Тие се осврнаа на начинот на функционирање на канцеларијата каде што е сместена Линијата за поддршка како и на придобивките што ќе ги имаат тутунопроизводителите од општината од функционирањето на ваква линија.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Отворена Линијата за поддршка на тутунопроизводителите и нивните работници