Искористување на потенцијалот на Европската година на граѓаните 2013 - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Искористување на потенцијалот на Европската година на граѓаните 2013 PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 29 janar 2013 13:30

На 22 и 23 јануари 2013 г., Симона Огненовска, како претставник на МЦМС учествуваше на првата тематска конференцијата насловена како „Искористување на потенцијалот на Европската година на граѓаните 2013“, во Брисел, Белгија. Настанот е дел од Европската година на граѓаните 2013 организиран од страна на Европската комисија преку Директоратот за комуникации во соработка со Алијансата за европската година на граѓаните. На конференцијата присуствуваа приближно 200 претставници на граѓанското општество, националните власти и институциите на ЕУ.

Brussles

Конференцијата ја отворија и на неа говореа претставници од Европската комисија, ЕЕСК, Комитетот за граѓански слободи, правда и домашни работи од Европскиот парламент, како и претседателот на Европската година на граѓаните 2013. Присутните констатираа дека граѓаните на Европската унија не се свесни за своите права и за можностите па оваа иницијатива ќе ги потсети и ќе ја нагласи потребата од активно граѓанство. Беше потенцирана и потребата од дебата за граѓанството и идентитетот во рамки на ЕУ.

Релевантни говорници дискутираа на четири панел сесии на различни теми: Кои се главните пречки граѓаните на ЕУ да ги уживаат своите права и идеи за конкретни ЕУ акции; Како граѓанското општество подобро да промовира граѓанско учество на ЕУ ниво; Како да се обезбеди потенцирање на важноста од граѓанско учество и по 2013 година; Кои алатки постојат за фасилитирање на граѓанскиот ангажман во креирање на ЕУ политики.

Формирани беа работни групи со претставници на организациите членови на Алијансата за европската година на граѓаните. Тие ќе ги разработат клучните теми што треба да води кон активно Европско граѓанство. Целта е да се мобилизира и координира граѓанското општество во текот на 2013 г., и да се иницира широка европска дебата за прашањата поврзани со практикувањето на европските граѓански права и граѓанското учество во демократскиот живот на ЕУ. Работните групи ќе се состанат четири пати во текот на годината, континуирано ќе комуницираат и подготват документ со препораки до крајот на Европската година на граѓаните 2013.

МЦМС смета дека присуството на конференцијата и учеството во работните групи придонесува кон зајакнување на гласот и учество на граѓанското општество и граѓаните во креирањето политики и подготовка на закони на ниво на ЕУ и поттикнување на активно и партиципативно граѓанство паралелно со напорите кои се прават на национално ниво.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Искористување на потенцијалот на Европската година на граѓаните 2013