Конференција: Потреба од граѓански дијалог и соработка на локално ниво - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Конференција: Потреба од граѓански дијалог и соработка на локално ниво PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 25 nëntor 2011 12:56

Денес од 15:00 до 16:30 во рамките на саемот на општините ЗЕЛС ЕКСПО, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ќе одржи завршна конференција за проектот Граѓански дијалог на локално ниво.

На конференцијата ќе бидат споделени резултатите и искуствата од пилот општините Битола, Дебар и Јегуновце во кои преку консултативниот процес се подготвија стратегии за соработка со граѓанскиот сектор. Исто така ќе се истакне и важноста и потребата од граѓански дијалог и соработка на локално ниво со што ќе се поттикнат и другите општини во иднина да подготват стратешките документи за соработка со граѓанскиот сектор.

Проектот "Граѓански дијалог на локално ниво" е поддржан од Делегацијата на ЕУ во Скопје од ЕИДХР. Цел на проектот е зголемено влијание на граѓанските организации во креирање на политиките на локално ниво.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Конференција: Потреба од граѓански дијалог и соработка на локално ниво