Ние сме подобри од сограѓаните! - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Ние сме подобри од сограѓаните! PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 15 prill 2011 11:02

[Прес соопштение] МЦМС спроведе повеќе истражувања за прашања од општествен интерес, меѓу кои и за општествената одговорност на граѓаните. Ве известуваме за резултатите од делот што се однесува на поддршката на владеењето на правото или на јавниот дух во Македонија.

Истражувањето покажа дека се зацврстува умерениот јавен дух кај граѓаните на Македонија. Големо мнозинство граѓани (помеѓу 87 % и 97,2 %) му даваат поддршка на владеењето на правото. Постои подобрување кај барањето бенефиции од страна на Владата во однос на 2009 г. за 8,3 процентни поени и 35,9 процентни поени во однос на 2007 г. кога поддршката била 57,8 %. Има пад само на поддршката за плаќање данок, и тоа за 5,2 процентни поени во однос на 2009 г.

На шесте прашања каде е испитувана перцепцијата за јавниот дух на сограѓаните може да се забележи голем јаз меѓу перцепцијата за себе и за сограѓаните кој се движи меѓу 59,4 процентни поени, на прашањето за фрлање ѓубре на места кои не се определени за тоа до 36,4 за прашањето за плаќање на комуналните услуги.

Од социо-демографските карактеристики, образованието и месечните примања влијаат на јавниот дух. Испитаниците со незавршено основно кај повеќе од прашањата даваат пониска од просечната поддршка на владеењето на правото. Ист е случајот и со оние со пониски примања.

Анкетата беше спроведена во декември 2010 г. на репрезентативен примерок од 1.050 испитаници од страна на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ), чија одговорност беше и методолошката исправност на анкетата.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Ние сме подобри од сограѓаните!