E enjte, 10 mars 2011 14:04 |
[Прес соопштение] Во Македонија има политичка криза, смета големо мнозинство испитаници (80,7 %) во истражувањето на перцепциите на јавноста за актуелните политички случувања на Институтот за демократија направено во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка.

За мнозинство од испитаниците (68,7 %) политичката криза ќе се одрази на економијата, додека меѓуетничките односи и (21,8 %) и интегрирањето во ЕУ и НАТО (24,6 %) не зависат многу од неа. Повеќе за истражувањето видете во интегралниот текст .
|