МЦМС ги истражуваше перцепциите на граѓаните за повратниците од странските боишта. Со телефонска анкета беа опфатени 800 граѓани од општините Арачиново, Бутел, Гази Баба, Куманово, Сарај, Студеничани, Тетово и Чаир.
Со задоволство ве покануваме на регионалниот форум „Ефикасноста и отпорноста на младите за време на пандемијата КОВИД-19: Денешна перспектива во Западен Балкан”. Форумот ќе се одржи онлајн на 24 јуни 2022 година.
Претставници на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) ги подобруваа вештините за тимска работа на обуката што се одржа од 7 до 9 јуни 2022 година, а за нив ја организираа Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Во тридневната работа тие [ … ]
Помеѓу доволен и добар или 2,44 е средната оценка што граѓаните и ја дале на Владата за нејзината работа во првите 100 дена, покажаа резултатите од последното истражување на МЦМС „100 дена Влада“ спроведено во периодот од 3 до 13 мај 2022 година.
Мнозинство од граѓаните (65,1%) изјавиле дека [ … ]
Во новиот двомесечен билтен на СЕЛДИ може да прочитате за новите случувања на полето на антикорупција на Балканот и активностите на организациите членки на мрежата.