МЦМС, во рамките на проектот „Граѓански дијалог на локално ниво“, го водеше процесот на подготовка на стратегии за соработка помеѓу граѓанските организации и општините во Битола, Дебар и Јегуновце.
Денес (24.03.2012 година) во 14 часот беше затворен Форумот на граѓански организации од прекуграничниот регион на Република Македонија и Република Албанија. Во двата дена колку што траеше, настанот го посетија околу 800 граѓани на пограничниот регион, но и пошироко.
Денес (23 март 2012 година) во 12 часот во Домот на културата во Дебар беше отворен Форумот на граѓански организации од пограничниот регион на Република Македонија и Република Албанија.
Петнаесет учесници од девет ромски организации на 15 и 16 март оваа година во МЦМС, учествуваа на работилница за подготовка на предлог проекти кои потоа беа поднесени до Одделението за соработка со невладини организации при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија.