Историски чекор – БЦСДН го одржа основачкото собрание - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Историски чекор – БЦСДН го одржа основачкото собрание PDF Печати Е-пошта
Четврток, 09 јули 2009 10:21

Балканската мрежа за развој на граѓанско општество (БЦСДН) го одржа основачкото собрание на 6 јули во Скопје, Македонија. Осум години откако беше иницирана како пилот проект и повеќе од пет години од нејзината трансформација во мрежа, БЦСДН и формапно стана правен субјект со 11 основачи – граѓански организации. Беа усвоени и главните акти, Статут и Стратегиска ориентација 2009 – 2011 и беа избрани следниве органи, Совет, Одбор и Извршен директор.

Историски чекор – БЦСДН го одржа основачкото собрание

За членови на Одборот беа избрани:

  • Горан Ѓуровиќ (Претседавач) Извршен директор, ЦРНВО, Црна Гора;
  • Тина Микиели (Заменик претседавач) Раководител на проект, ЦНВОС, Словенија;
  • Миљенко Дерета, Извршен директор, Граѓански иницијативи, Србија;
  • Венера Хајрулаху, Извршен директор, КЦСФ, Косово;
  • Сашо Клековски, Прв извршен директор, МЦМС, Македонија;
  • Александар Кржаловски, Извршен директор, МЦМС, Македонија.

На собранието беше потврдено дека Секретаријатот на мрежата ќе продолжи да работи во рамките на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Сегашниот координатор Тања Хафнер Адеми беше избрана за Извршен директор на БЦСДН.

www.balkancsd.net

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Историски чекор – БЦСДН го одржа основачкото собрание