Корупцијата ни стана секојдневие, - кичевчани и паланчани се придружија на акцијата „Преку глава ми е од корупцијата“ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Корупцијата ни стана секојдневие, - кичевчани и паланчани се придружија на акцијата „Преку глава ми е од корупцијата“ PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 01 април 2024 16:40

Караванот насловен „Преку глава ми од корупцијата“ минатата недела помина низ градовите Кичево и Крива Паланка, каде повторно се организираа интерактивни средби со граѓаните на тема корупција. Околу 400 граѓани покажаа интерес и разговараа со тимот составен од Македонскиот центар за меѓународна соработка заедно со партнерските организации ИДСЦС и ЦГК, а дел од нив дадоа изјави и разговараа со новинарите од медиумските организации 360 степени ИРЛ и БИРН Македонија.

433861827 122150351540061743 5486063930772007524 n MCMS

„Корупцијата ни стана секојдневие“, „немаме квалитетни здравствени услуги“, „потребна ни е подобра инфраструктура во градовите“ беа најчестите коментари на граѓаните кои ни ги споделија во овие неколку часовни дружби. Покрај неформалните разговори граѓаните решија над 100 крстозбори со најчестите поими на тема корупција, а голем од нив беа пријатно изненадени од картичките за благодарност кои им беа претставени како замена и форма на благодарност наместо стекнатите навики за носење подароци за добро завршени услуги. Воедно, голем број граѓани за прв пат се запознаа и со „Водичот за следење на јавните набавки“ изготвен од страна на Центарот за граѓански комуникации.

419567176 122150336978061743 7880753080407475735 n MCMS

Во Кичево дури и полициските службеници се придружија и дадоа поддршка на оваа акција, тие разговараа со тимовите и го решија крстозборот. Во наведените градови, Стопанската комора на Северна Македонија пак, организираше дискусија со претставниците од приватниот сектор каде разговараа за ризиците од корупција и како може приватниот сектор да се вклучи во борбата против истата.

Со двете средби во Кичево и Крива Паланка заврши караванот со настани „Преку глава ми е од корупцијата“ кој е подржан од УСАИД, кој по ваквиот интерес од страна на граѓаните ќе се организира и во другите градови во земјата.


Поврзани:

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Корупцијата ни стана секојдневие, - кичевчани и паланчани се придружија на акцијата „Преку глава ми е од корупцијата“