Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Управен одбор на МЦМС PDF Печати Е-пошта

Управен одбор на МЦМС 2013-2017

Ризван СулејманиРизван Сулејмани - претседавач (5.1.1957 г. Скопје). Дипломирал на Електротехничкиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, магистрирал на европски студии на Филозофскиот факултет во Скопје, а докторирал на политички студии во Скопје. Оженет и живее со сопругата Нуремане и синовите Артан и Фатон во Скопје. Бил на повеќе раководни места и функции, меѓу кои два пати пратеник во Собранието на Република Македонија, заменик-министер за одбрана и министер за локална самоуправа во Владата на Република Македонија. Како пратеник, бил член на парламентарната група од Македонија во Парламентот на НАТО. Бил и во повеќе управни одбори. Во граѓанскиот сектор е основач и актуелен потпретседател на Северноатлантскиот совет во Македонија, како и основач и член на Претседателството на Европското движење во Македонија. Член на Советот и претседавач на Управниот одбор на МЦМС од 2009 г. Во моментот е директор на Институтот за политички и меѓукултурни студии во Скопје.

GabrielaГабриела Мицевска - заменик-претседавач (23.12.1970 г., Скопје). Дипломиран земјоделски инженер, во моментот е на магистерски студии по агроекономиија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Од 1997 до 2002 година работела како агробизнис-консултант во неколку меѓународни проекти и како консултант во сопствена консултантска фирма. Од 2002 до 2006 година била проектен менаџер во Care International Macedonia и консултант за мониторинг во проектот СФАРМ. Од 2006 до 2009 година работи во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како советник на министерот и државен советник за меѓународна соработка и евроинтерграција. Од 2009 година до денес работи како раководител на сектор за земјоделство и рурален развој во ЦеПроСАРД. Покрај тоа, од 1999 г. е и овластен обучувач за претприемништво, маркетинг и бизнис планирање по германската методологија ЦЕФЕ.

Бехиџудин ШехапиБехиџудин Шехапи (27.2.1961 г., Тетово). Завршил Филозофски факултет во Скопје, група Историја на уметноста и археологија. Оженет и има четири деца. Има повеќе од 20 години искуство работа на раководни места во научно-образовните и граѓанските организации, како и во Исламската верска заедница (ИВЗ). Две години го предавал предметот: Исламска култура и цивилизација, во средното теолошко училиште во Скопје, а 15 години бил раководител во службата за верски објекти и исламска култура во ИВЗ и 4 години уредник на весникот „Млада месечина“. Генерален секретар на Ел хилал бил 12 години, а последните неколку години е и негов претседател. Бил и директор во Националниот конзерваторски центар (НКЦ), а во моментов е пратеник во Собранието на Република Македонија. Поседува богато искуство во управување во граѓанскиот сектор и способност за воспоставување на интеркултурен и интерконфесионален дијалог и дал придонес во зајакнување на меѓуетничката доверба. Ги познава сите цивилизациски дострели во Македонија и автор е на неколку публикации во оваа област. Шехапи беше член на Управниот одбор на МЦМС и во претходните два мандати.

vanco stojanovВанчо Стојанов (1.1.1967 г. во Струмица). Средно образование стекнал во ДСУ Др. Панче Караѓозовски – Скопје, како медицински лаборант, по што продолжил на Високата медицинска школа во Битола, каде се стекнал со статус на Дипломиран лабораториски аналитичар. Оженет е и татко на две деца. Од 2000-2009 година бил Раководител на Клиничка биохемиска лабораторија во општата болница во Струмица, каде ги подобрил вештините за менаџирање и тимска работа. Член е на Управниот одбор на Црвен крст – Струмица, како и на Советот за статистика. Градоначалник на Василево е од 2009 година.

Ѓоко ЃорѓевскиЃоко Ѓорѓевски (24.7.1968 г., Скопје). По завршувањето на Богословијата, во 1991 година дипломира на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски” во Скопје. За време на студиите три години е претседател на студентското здружение при факултетот, како и главен уредник на студентскиот билтен. По три години поминати како професор во Богословијата, заминува на неколкумесечен студиски престој во Источниот институт во Регенсбург - Германија, по којшто следеа магистерските студии на Теолошкиот факултет - оддел Библиска теологија при Папскиот Универзитет „Грегоријана” во Рим, Италија (1994-1996), каде што и докторира во 2000 година. Од 2001 година активно е вклучен во активностите од областа на меѓурелигискиот дијалог преку учество на конференции и средби во земјата и во странство, како и од областа на социјалната теологија. Член на Советот на МЦМС во периодот 2004-2012, а на Управниот одбор на МЦМС е член од 2009 година. Во моментов е амбасадор на Република Македонија во Ватикан.

Горан МихајловскиГоран Михајловски (24.11.1963 г., Битола). Завршил Интердисциплинарни студии по новинарство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1988 година. Професионален новинар е од септември 1989 година. Од 1989 до 2000 година е новинар во Вечер, каде од 1998 година е и главен и одговорен уредник. Основач е на весникот Вест и негов главен и одговорен уредник од 5 јули 2000 година. Автор е на колумната Сакам да кажам (Вечер и Вест) од јануари 1991 година. Има издадено три книги Сакам да кажам - збирка колумни (1997, 2002, 2007) и книга од областа на новинарството и туризмот „Приказни со пет ѕвездички“. Два пати добитник на наградата Мито Хаџивасилев Јасмин и на наградата Крсте Мисирков за остварувања во новинарството. Од 2007 година е надворешен предавач на Правниот факултет при УКИМ на студиите по новинарство по предметот Уредување во медиуми. Член на Управниот одбор на МЦМС од 2009 година, а на Советот од 2012 година.

ratko lazarevskiРатко Лазаревски (8.2.1969 г., Скопје). Завршил Факултет за безбедност во Скопје. Оженет со Елена и има две деца, Милан и Екатерина. Од 1993-2000 г. работи во Министерството за внатрешни работи. Потоа од 2000-2008 година е вработен во Дуферко - Макстил во Одделот за истражување на пазарот и јавното мислење, консултант во Агенција за односи со јавност, раководител. Од 2008 година е управител на дневниот весник Нова Македонија. Носител на мајсторски во џудо и меѓународна лиценца за нуркачки инструктор. Член на Советот на МЦМС .

Ризван СулејманиРизван Сулејмани - претседавач (5.1.1957 г. Скопје). Дипломирал на Електротехничкиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје. Магистрирал на европски студии на Филозофскиот факултет во Скопје, докторирал на политички студии во Скопје. Оженет и живее со сопругата Нуремане и синовите Артан и Фатон во Скопје. Бил на повеќе раководни места и функции, меѓу кои два пати пратеник во Собранието на Република Македонија, заменик-министер за одбрана и министер за локална самоуправа во Владата на Република Македонија. Како пратеник, бил член на парламентарната група од Македонија во Парламентот на НАТО. Бил во повеќе управни одбори и раководни функции. Во невладиниот сектор основач и актуелен потпретседател е на Северноатлантскиот совет на НАТО во Македонија и основач и член на Претседателството на Европското движење во Македонија. Во моментот е директор на Институтот за политички и меѓукултурни студии во Скопје.

Кочо АнѓушевКочо Анѓушев - заменик претседавач (20.6.1969 г., Скопје). Има дипломирано на Машинскиот факултет во Скопје, подоцна на истиот факултет, во 1995 г. станува магистер по машински науки, а во 1998 г. и доктор по технички науки. Има професионален стаж од 16 години на Машинскиот факултет во Скопје, каде што работи како професор, 6 години како директор на ЕФТ Македонија и 5 години како претседател на Управниот одбор на Брако. Покрај ова, членува во повеќе меѓународни професионални тела и има објавено повеќе од 100 научни труда и повеќе од 50 проекти во индустријата.

Билјана Герасимoвска – КитановскаБилјана Герасимoвска – Китановска (26.02.1969 г., Скопје). Факултетска наобразба стекнала во Скопје на Медицински факултет каде подоцна и специјализирала интерна медицина. Мажена. Вработена е во Клиничкиот центар во Скопје на Клиниката за нефрологија. Од 1995 година е основач и претседател, а сега активен член на граѓанската организација ЕСЕ, Скопје со значителни постигнувања во развој на родовиот пристап во МАкедонија. Член на Управниот одбор на МЦМС е од 2004 година. Во текот на својот мандат континуирано придонесуваше во анализата на различни прашања, посебно од подрачјето на човекови и родови права, еднакви можности и анти – дискриминација

Бехиџудин ШехапиБехиџудин Шехапи (27.2.1961 г., Тетово). Завршил Филозофски факултет во Скопје, група Историја на уметноста и археологија. Оженет и има четири деца. Има повеќе од 20 години искуство работа на раководни места во научно-образовните, цивилните институции и организации како и во Исламската верска заедница (ИВЗ). Две години го предавал предметот: Исламска култура и цивилизација, во средното теолошко училиште „Иса Бегова Медреса” во Скопје, 15 години бил раководител во службата за верски објекти и исламска култура во Исламската заедница на РМ, 4 години уредник на весникот „Млада месечина”, 12 години генерален секретар на Ел хилал, 5 години е Претседател на Ел хилал каде му тече и вториот мандат, 4 години член на Управниот одбор на МЦМС, две години директор во Националниот конзерваторски центар (НКЦ) каде му тече вториот мандат по повторен избор. Тој поседува богато искуство во управување во граѓанскиот сектор, знаење во менаџирање со кризите и управување во конфликтните ситуации, знаење во воспоставување на комуникација со луѓето и со медиумите. Поседува способност за воспоставување на интеркултурен и интерконфесионален дијалог и дал придонес во зајакнување на меѓуетничката доверба. Ги познава сите цивилизациски дострели во Македонија и автор е на неколку публикации во оваа област.

Горан МихајловскиГоран Михајловски (24.11.1963, Битола). Завршен факултет Интердисциплинарни студии по новинарство на УКИМК во 1988 година. Професионален новинар од септември 1989 година. Од 1989 до 2000 година новинар во „Вечер”. Од 12.1998 до 05.2000 е главен и одговорен уредник на „Вечер”, основач на весникот „Вест” и главен и одговорен уредник од 5 јули 2000. Автор на колумната „Сакам да кажам” („Вечер” и „Вест”) од јануари 1991 година. Три книги „Сакам да кажам” -збирка колумни  (1997, 2002, 2007). Книга од областа на новинарството и туризмот „Приказни со пет ѕвездички” (2004). Два пати добитник на наградата „Мито Хаџивасилев Јасмин” за „Сакам да кажам”. Добитник на наградата „Крсте Мисирков” за остварувања во новинарството. Од 2007 надворешен предавач на Правниот факултет при УКИМ на студиите по новинарство по предметот „Уредување во медиуми”.

Ѓоко ЃорѓевскиЃоко Ѓорѓевски (24.7.1968 г., Скопје). По завршувањето на Богословијата, во 1991 година дипломира на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски” во Скопје. За време на студиите три години е претседател на студентското здружение при факултетот, како и главен уредник на студентскиот билтен. По три години поминати како професор во Богословијата, заминува на неколкумесечен студиски престој во Источниот институт во Регенсбург -Германија, по којшто следеа магистерските студии на Теолошкиот факултет -оддел Библиска теологија при Папскиот Универзитет „Грегоријана” во Рим, Италија (1994-1996), каде што и докторира во 2000 година. Од 2001 година е доцент по предметите од областа на Светото писмо на Стариот завет. Од 2001 година активно е вклучен во активностите од областа на меѓурелигискиот дијалог преку учество на конференции и средби во земјата и во странство, како и од областа на социјалната теологија. Од 2002 до 2006 година е главен уредник на списанието Православен пат.

Јагуп СелимоскиЈагуп Селимоски (3.10.1946, Скопје). Основно образование завршил во Кичево, средно исламско училиште во Сараево, а факултет на Ал. Азхар во Каиро, Египет. Работел како секретар на ИВЗ-РМ, а во периодот 1980-1991 е и нејзин претседател и поглавар на ИВЗ на поранешна СФРЈ до 1993 г. Моментално е директор на секторот за верско образование во ИВЗ-РМ Скопје, член е во сите највисоки органи на ИВЗ, како и на Меѓурелигискиот совет на Република Македонија.

 

Славко ВелевскиСлавко Велевски (22.6.1961 г., Могила). Дипломирал на Природно-математичкиот факултет на Институтот за биологија во Скопје. Оженет е со Гордана и е татко на 2 деца, Христијан и Петар. 12 години е градоначалник на општина Могила. Претходно во периодот 1991-1993 година работи како наставник по биологија во ОУ „Славко Лумбарковски” во Новаци. Во 1982 г. е еден од основачите и активен играч на КК „Стрела” – Могила, кој се натпреваруваше во регионалната лига на Македонија. Член е на Комисијата за образование на ЗЕЛС, а член и на Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија. Добро ја познава проблематиката на локалната самоуправа, јавните услуги, регионалниот и руралниот развој.

  • Наташа Габер – Дамјановска
  • Прота Драги Костадиновски
  • Андон Марковски
  • Бехиџудин Шехапи
  • Билјана Герасимовска – Китановска
  • Зејнула Фазлиу
  • Пречесен Михаил Цеков
  • Мухамед Точи
  • Свето Стефановски

  • Мирко Спироски 1993-2004
  • Димитрије Бужароски 1993-1994
  • Зорица Велковска 1993-1994
  • Иван Тулевски 1993-2000
  • Љубомир Цуцуловски 1993-1994
  • Нано Ружин 1993-1994
  • Наташа Габер – Дамјановска 1993-2004
  • Савка Тодоровска 1993-1994
  • Теута Крашница-Чучкова 1993-2004
  • Драги Костадиновски 1993-2004
  • Зејнула Фазлиу 1993-2004
  • Зоран Костов 1994-2000
  • Михаил Цеков 1994-2004
  • Мухамед Точи 1994-2004
  • Нурије Кадриу 1994-2000
  • Букурије Бајрами 2000-2004
  • Биљана Герасимовска – Китановска 2000-2004
  • Свето Стефановски 2000-2004

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нас Нашата структура Управен одбор