За консултациите и обуките - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

За консултациите и обуките PDF Печати Е-пошта

Од своето формирање во 1993 година МЦМС работи на развој на капацитети и тоа на индивидуално, организациско и институционално ниво. Овој пристап МЦМС го користи за да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации, локалните самоуправи, државните институции, претпријатијата, училишта и сите други кои имаат потреба од тоа.

Компонентата за развој на капацитетите претставува значаен дел од програмското портфолио на МЦМС. Досега МЦМС има реализирано низа програми во рамките на кои се користени повеќе различни методологии: обуки, консултации, оценки и анализи.

Дел од темите за кои МЦМС развива капацитети се: раководење со проектен циклус, организациски менаџмент, институционален развој и организациско јакнење, стратешко планирање, раководење со програми/проекти, раководење со човечки ресурси, административно и архивско работење, финансиски менаџмент, односи со јавноста, комуникациски вештини, фацилитација и презентациски вештини, обука на обучувачи, интеркултурно учење, итн.

МЦМС досега има спроведено 780 обуки кои опфатија 18500 учесници.

МЦМС го водеше процесот на стратешко планирање на преку 15 организации меѓу кои и:  Сојуз на Стопански комори; Стопански комори на северозападна Македонија; Здружение на јавни обвинители на Македонија; Здружение на судии, итн.

МЦМС обезбеди техничка поддршка на Владата на Република Македонија за подготовка на стратегија за соработка со граѓанскиот сектор и ги јакнеше капацитетите за владиното Одделение за соработка со невладините организации.

МЦМС има спроведено и повеќе организациски оценки и оценки на проекти/програми, вклучувајќи ги и: оценка на Националната стратегија за борба против трговија со луѓе; оценка на активностите на CORDAID во Албанија; проценка на организациските капацитети на институцијата Народен правобранител; проценка на организациските капацитети на 26 партнерски организации на ОБСЕ, итн.

За потребите на Мониторинг мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) МЦМС изврши низа оценки на организациски капацитети на партнери на ОБСЕ и подготви и спроведе планови за развој на нивните капацитети.

Обуките на МЦМС се дел од каталогот на овластени обезбедувачи на обука од страна на Министерството за образование и наука и МЦМС спроведува обука за училишта вклучени во проектот за Модернизација на образованието.

Во рамките на активностите за развој на капацитет МЦМС соработува со меѓународни консултантски компании меѓу кои: Management for Development Foundations – Холандија, International NGO Training and Research Centre – Intrac – Велика Британија, COWI – Данска, World Alliance for Citizen Participation – CIVICUS-САД, Европскиот центар за непрофитно право-Унгарија и др.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Консултации и обуки За консултациите и обуките