Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Како може да донирам? PDF Печати Е-пошта

Со еднократен или траен налог за донација на износ кој вие ќе го определите на месечно или годишно ниво..

Доколку сте даночен обврзник и вашата донација е за проект на МЦМС кој е од јавен интерес можете да користите даночно поттикнување согласно   Законот за донации и спонзорства во јавните дејности . Поттикнувањето се однесува на намалување на персоналниот данок на доход утврден врз основа на неговата годишна даночна пријава во висина од 20 % од годишниот даночен долг на давателот на донацијата, но не повеќе од 24.000 денари. На овој начин дел од вашиот персонален данок кој треба да го платите на државата, го донирате на МЦМС за нашите активности кои се од јавен интерес.

Ние ќе ги подготвиме потребните документи и ќе ја водиме процедурата за стекнување на даночното поттикнување.

Како да донирате и да се стекнете со правото на даночно поттикнување?

  1. Склучувате договор со МЦМС
  2. Давате донација на МЦМС
  3. МЦМС ви издава потврда за уплатената донација и ја спроведува процедурата за стекнување на даночното поттикнување:
    • поднесува Барање за издавање на решение за потврдување на јавниот интерес за кој е дадена донацијата до Министерството за правда. Во прилог на Барањето се доставува договорот за донација и потврдата за дадената донација.
    • Министерството за правда издава решение со кое го потврдува јавниот интерес.
    • подготвува извештај за дадената и примената донација кој го доставува до Управата за јавни приходи 30 дена од денот на исполнување на договорот.
  4. Во вашата годишна даночна пријава (образец ПДД ГДП) го назначувате износот на дадената донација. Со даночната пријава го доставувате и договорот за донација, решението за потврда на јавниот интерес и  документот врз основа на кој е извршена уплатата на донираниот износ.

Најчесто разликата помеѓу утврдениот и уплатениот данок ќе биде негативна. Во тој случај може да побарате враќање на повеќе платениот данок или истиот да го оставите како аконтација за наредниот период.

Со донирање предмети, добра, имот.
Согласно   Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, донацијата во предмети и материјални добра е ослободена од данокот на наследство и подарок кога му го пренесувате правото на користење на МЦМС. Исто така оваа донација е ослободена и од данокот на имот следните пет години, по годинава во која е дадена.

Контактирајте нѐ на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Поддршка Донирај Како може да донирам?