Работилница за ревизија на Конвенцијата на Обединети нации против корупција - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Работилница за ревизија на Конвенцијата на Обединети нации против корупција PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 08 октомври 2018 15:07

Соработката помеѓу владите, граѓанските организации  и приватниот сектор во спроведувањето на Конвенцијата на Обединети нации против корупција (УНКАК) и вториот циклус на нејзината ревизија беa во фокусот на работилницата  што се одржа од 24 до 27 септември 2018 г., во Белград, Р. Србија.

Rabotilnica za revizija na Konvencijata na Obedineti nacii protiv korupcija

Вкупно 65 претставници на институции, на граѓански организации и на приватниот сектор од девет земји од Југоисточна Европа зборуваа за важноста на соработката помеѓу нив во развојот на државата и борбата против корупцијата.

Претставници од Канцеларијата на ОН за дрога и криминал ги презентираа одредбите од главите 2 и 5 од Конвенцијата и дадоа насока за подобро следење и известување за имплементацијата и ревизијата на Конвенцијата. Ова треба да осигури дека спречувањето и искоренувањето на корупцијата ќе биде високо на националните агенди на сите земји. Покрај дискусиите за важноста на вклучување на граѓанскиот и приватниот сектор во овој процес, беа споделени и интересни искуства, научени лекции и добри практики во следење на корупцијата во сите земји.

Конвенцијата на ОН против корупција е единствениот правно обврзувачки, универзален инструмент за борба против корупција, и нејзиниот член 13 го повикува целото општеството активно да се вклучи во борбата против корупцијата.

МЦМС во рамките на проектот Следење на анти-корупциските реформи ја следи вклученоста на граѓанските организации во вториот круг на евалуација, а ќе подготви и Извештај во сенка за спроведувањето на Конвенцијата.

Работилницата ја организираа Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (УНОДЦ) и Коалицијата на граѓански организации УНКАК. Претставници на МЦМС беа Снежана Камиловска Трповска и Наташа Иваноска. Работилницата ја отворија претставници од Министерството за правда на Р. Србија, Австриската агенција за развој, Регионалната иницијатива за антикорупција и Европската Банка за реконструкција и развој.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Работилница за ревизија на Конвенцијата на Обединети нации против корупција