Нов повик за акциски грантови на Цивика мобилитас - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Нов повик за акциски грантови на Цивика мобилитас PDF Печати Е-пошта
Петок, 15 април 2016 13:46

Од денес до 10 мај (во 16 часот) 2016 година, граѓанските организации како и непрофитните научно-истражувачки установи можат да се пријават на повикот за акциски грантови на Цивика мобилитас.

cm-akt-02

Акциските грантови на Цивика мобилитас ги поддржуваат граѓанските организации кои сакаат да ги промовираат нивните каузи и активности, а кои вклучуваат оспособување на нивните конституенти; јакнење на односите со граѓаните, заедниците и пошироката јавност; како и влијание за постигнување позитивни општествени промени.

Времетраењето на активностите од овој повик треба да биде помеѓу 12 и 24 месеци, а големината на грантот треба да биде помеѓу 1.000.000 и 2.000.000 денари.

Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите најдоцна до 30 април 2016 г.

Цивика мобилитас ќе одржи информативна/и сесија/и за овој повик. Следете ја веб-страницата на Цивика мобилитас како и страницата на Фејсбук и информирајте се за евентуалните промени.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Нов повик за акциски грантови на Цивика мобилитас