Работилница за прекугранична соработка за полошкиот регион - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Работилница за прекугранична соработка за полошкиот регион PDF Печати Е-пошта
Вторник, 08 ноември 2011 10:34

Од 3 до 4 ноември оваа година во Маврово се одржа работилница за прекугранична соработка и вмрежување, на која учествуваа 18 организации од полошкиот регион и пет организации од регионот Дибра во Албанија.

20111103-Mavrovo Rabotilnica_za_poloshki_region_29

Целта на работилницата беше да се идентификуваат приоритетните прашања и да се испланираат заеднички активности на граѓанските организации од полошкиот регион за соработка со организациите од пограничниот регион на Албанија.

Учесниците во работни групи ја анализираа состојбата, идентификуваа и избраа приоритетни проблеми и дефинираа заеднички активности и засегнати страни во повеќе области: вработување, одржлив развој, дискриминација и културно и природно богатство. Повеќето учесници препорачаа да се организираат повеќе слични тематски работилници и/или состаноци за соработка со организациите од пограничниот регион со Албанија.

20111103-Mavrovo Rabotilnica_za_poloshki_region_17

Вакви работилници веќе се одржаа во Елбасан и Пешкопеја за организациите од пограничниот регион во Албанија.

Работилницата се одржа во рамките на проектот „Прекуграничен форум на граѓански организации", кој го спроведуваат во партнерство Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), ЕД „Дешат" и Институтот за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија, а е финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА – Прекугранична соработка.

Работилницата за организациите од југозападна Македонија ќе се одржи на 10 и 11 ноември 2011 г. во Струга.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Работилница за прекугранична соработка за полошкиот регион