Развивање партнерства и вмрежување во пограничниот регион со Албанија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Развивање партнерства и вмрежување во пограничниот регион со Албанија PDF Печати Е-пошта
Четврток, 21 јули 2011 16:05

Обуката за Партнерства и вмрежување - предизвици и можности наменета за граѓанските организации од пограничниот регион во Македонија и Албанија.

Развивање партнерства и вмрежување во пограничниот регион со Албанија

МЦМС од 14 до 17 јули 2011 година во Маврово организираше обука на тема „Партнерства и вмрежување - предизвици и можности“. Обуката беше наменета за граѓанските организации од пограничниот регион во Македонија и Албанија и е дел од проектот „Прекуграничен форум на граѓански организации“, финансиран од Европската Унија, во рамките на компонентата за прекугранична соработка на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), а во партнерство на МЦМС, Институтот за демократија и медијација (ИДМ)  и Еколошкото друштво „Дешат“-Дебар.

На обуката учествуваа 20 претставници на граѓанските организации од Македонија и Албанија.

Учесниците имаа можност да се запознаат со важноста на вмрежувањето и партнерството и да се стекнат како со теоретските знаења, така и вештините и алатките за подобрување на соработката меѓу граѓанските организации. Знаењата и контактите коишто ги остварија учесниците од двата погранични региони ќе им овозможат на учесниците да го зајакнат својот организациски капацитет за градење ефективни коалиции, партнерства и вмрежување во рамките на граѓанското општество, но и со другите сектори и прекугранично.  Во текот на обуката имаше практични вежби кои бараа од учесниците меѓусебната интеракција, којашто им овозможи подобро меѓусебно запознавање, кое ќе биде корисно за идната можна соработка.

Како последователна активност во последниот квартал од 2011 г. ќе се одржи работилница во Албанија, чија цел е практична примена на алатките претставени на обуката, како на пример идентификување и развивање релевантни механизми за соработка во пограничниот регион и планирање на можните партнерства и вмрежување.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Развивање партнерства и вмрежување во пограничниот регион со Албанија