Мнозинството очекува фер и демократски избори - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Мнозинството очекува фер и демократски избори PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 23 мај 2011 21:02

Изборни нерегуларности[Прес соопштение] Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот за демократија (ИДСЦС) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) воспоставија интегрирана платформа за набљудување на изборите. Дел од активностите на проектот Мојот избор 2011 се испитувањата на јавното мислење за прашања поврзани со изборите. Во овој извештај се презентирани мислењата на граѓаните за тоа како ќе се одвиваат вонредните парламентарни избори, дали очекуваат нерегуларности и какви нерегуларности се можни.

Истражувањето покажа дека мнозинство од граѓаните (50,8 %) очекуваат фер и демократски избори, 25,3% очекува делумно фер и демократски избори, а еден од десет граѓани (12,8%) стравува дека ќе има масовни нерегуларности и насилство на изборите. Етничките Албанци  (14,4 %) малку повеќе стравуваат од масовни нерегуларности и насилство на изборите од етничките Македонци (11,5 %). Граѓаните од изборните единици 4 (58,1), 6 (57%) и 3 (55%) имаат највисоки очекувања дека изборите ќе бидат фер и демократски. Граѓаните од изборната единица 2 имаат најниски очекувања за фер и демократски избори (36%) и најмногу стравувања дека изборите воопшто нема да бидат фер и демократски (18,8 %).

Граѓаните сметаат дека најчести нерегуларности би можеле да бидат сите наведени форми (25,4 %) и поткупување на гласачите (14 %), а најмалку мислат дека ќе има заплашување на денот на изборите (3,0 %). Етничките Македонци мислат дека би можело да се случи поткуп на гласачи (15,4 %), а етничките Албанци сметаат дека би можело да се случи полнење на кутиите (19,0 %). Полнење кутии би можело да се случи најмногу во ИЕ 6 (18 %), а насилни инциденти во ИЕ 1 (8,7%) и 2 (8,6%).

Изборните нерегуларности би биле предизвикани од партиите  50,2 % (од тоа партиите воопшто 21,2%, партиите на власт 15,3% и во опозиција 13,7%); од граѓаните (9,3 %), од локални насилници (7,4 %) и на крајот поради неспособноста на изборните органи (1,1 %). Најчесто како причинители на нерегуларности на изборите ги гледаат партиите воопшто во ИЕ 2 (28,5 %), партиите на власт во ИЕ 6 (20,8 %), партите во опозиција во ИЕ 5 (18,2 %), локални насилници во ИЕ 1 (10,8 %) и граѓаните во ИЕ 6 (19,7 %).

Како најчеста причина за изборните нерегуларности граѓаните ја гледаат незрелоста и недемократичноста на партиите (29,5 %), а најретко партизацијата на изборните органи (10,9 %) и етничката припадност (10,9 %). Дека нерегуларности постојат само кај одредени етнички заедници, мислат 14,1 % од етничките Македонци и 1,8 % од етничките Албанци.

Испитувањето на јавното мислење е направено преку телефонска анкета од страна на ИДСЦС од 13 до 15 мај 2011 г. на репрезентативен примерок од 1.107 испитаници.

Изборни нерегуларности

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Мнозинството очекува фер и демократски избори