Ставови на граѓаните за решение на билатералниот спор на Македонија со Грција - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Ставови на граѓаните за решение на билатералниот спор на Македонија со Грција PDF Печати Е-пошта
Вторник, 01 Февруари 2011 16:55

[Прес соопштение] МЦМС спроведе повеќе истражувања за прашања од општествен интерес, меѓу кои и ставовите за решение на билатералниот спор на Македонија со Грција.

Ставови на граѓаните за решение на билатералниот спор на Македонија со Грција

Истражувањето покажа дека половина од граѓаните се против каква било промена, четвртина за „двојната формула“ и четвртина за едно од три други решенија. Најмалку прифатливи се решенијата за ново име за сите употреби или договорено име за сите меѓународни комуникации. За 15,7 % од граѓаните е неприфатливо Македонија да не прифати никаква промена.

Разликите во однос на ставовите се јавуваат на етничка основа, но не и на партиска основа. Никаква промена (60,2 %) и „двојната формула“ (28,3 %) се два најприфатливи избори за етничките Македонци. Тие заедно чинат 88,5 %. Ново име (31,3 %) и договорено име во меѓународните организации (28,6 %) се два најприфатливи избори за етничките Албанци. За етничките Македонци ново име за сите употреби е најмалку прифатлив избор, а за етничките Албанци најмалку прифатлив избор е никаква промена. Мнозинството на симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, како и на граѓаните кои не се симпатизери на политички партии се одлучиле за никакви промени како прв најдобар избор кој ги одразува нивните ставови.

Потребен е зголемен дијалог меѓу двете најбројни заедници во Македонија. Никаква промена е прв најприфатлив избор за 60,2 % од етничките Македонци, а истиот е најмалку прифатлив за 40,5 % од етничките Албанци.

Северна, вардарска и горна се неприфатливи географски придавки/додавки за мнозинството граѓани. Во однос на ставовите, се повторуваат разликите на етничка и партиска основа.

Граѓаните кои не прифаќаат ниту една од прашаните придавки/додавки (60,9 %) се повеќе од граѓаните за кои најдобар избор е „никаква промена“ (48,4 %). Разликата може да се толкува дека за граѓаните се поприфатливи други придавки/додавки кои не се поставени во анкетата. Но, поверојатно е дека тоа е во сооднос со збирниот број на граѓани од 64,5 % на кои прв најдобар и втор најдобар избор им е „никаква промена“ или со збирниот број на граѓани од 73,4 % на кои прв најдобар избор им е „никаква промена “ и „двојната формула“.

Владата и Собранието со мандат за одлучување, а секој трет граѓанин поддржува „рамковен формат“. Постои поделеност во однос на потребата за одржување советодавен референдум меѓу граѓаните кои се за со 54,4 % и граѓаните кои се против и не знаат.

Прашањето е поставено во рамките нa теренска анкета - лице во лице, во домаќинствата во декември 2010 г. на репрезентативен примерок од 1.050 испитаници. Популациската рамка на примерокот беше население постаро од 18 години, а критериуми за репрезентативност беа: пол, етничка припадност, возраст, место на живеење и региони.

Теренската анкетата за МЦМС ја спроведе Институтот за социолошки и правно-политички истражувања (ИСППИ).

  Ставови на граѓаните за решение на билатералниот спор на Македонија со Грција

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Ставови на граѓаните за решение на билатералниот спор на Македонија со Грција