Оглас за сместување на студенти од македонската дијаспора (28 јуни - 19 јули 2019) - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Оглас за сместување на студенти од македонската дијаспора (28 јуни - 19 јули 2019) PDF Печати Е-пошта
Среда, 24 април 2019 11:26

МЦМС ги поканува семејствата од Скопје, кои имаат можност и сакаат, да се пријават и изразат интерес за обезбедување сместување и храна за студенти од македонската дијаспора кои како дел од програмата „Родум од Македонија“ ќе престојуваат во Македонија во периодот од 28 јуни до 19 јули 2019 година

Oglas za smestuvanje na studenti od makedonskata dijaspora

За време на престојот младите ќе извршуваат практична работа во организации/институции /компании во Скопје, со цел да стекнат различни вештини согласно нивните академски цели. Сместувањето во семејства ќе им овозможи да бидат во допир со нашата култура, да се запознаат со нашето секојдневие и најважно, да создадат трајни пријателства. 

„Родум од Македонија“ се организира по петти пат. По успешните четири години, кога можноста ја искористија четворица студенти во првата година, шест во втората, осум во третата и пет во четвртата, оваа година во која прославуваме пет годишен јубилеј од постоењето на програмата, интересот е најголем. 

Со обезбедувањето на три-неделен дом за некој од заинтересираните студенти, вие ќе му овозможите да се приближи до неговите корени и неговото разбирање на културата и традицијата на Македонија. Вашиот интерес да бидете домаќини на еден од студентите, можете да го искажете на следниот маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите најдоцна до 31 мај 2019 година.

Потребните услови кои секое семејство треба да ги исполнува се наведени во Документот за согласност. За сместување на студентите е предвиден паричен надомест од 100 американски долари.

„Родум од Македонија“ е дел од глобалниот проект „The Macedonian Heritage Village“, што го спроведува Обединета македонска дијаспора (ОМД)

По изборот на младите учесници од дијаспората во оваа програма, ќе ги известиме сите заинтересирани семејства кои се пријавиле со надеж за успешно поврзување.

За сите дополнителни информации може да не контактирате на тел. 072 226-144 или е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Оглас за сместување на студенти од македонската дијаспора (28 јуни - 19 јули 2019)