ОГЛАС за сместување на студенти од македонската дијаспора - „Родум од Македонија“ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

ОГЛАС за сместување на студенти од македонската дијаспора - „Родум од Македонија“ PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 30 април 2018 13:30

МЦМС ги поканува семејствата од Скопје, кои имаат можност и сакаат, да се пријават и изразат интерес за обезбедување сместување и храна за студенти од македонската дијаспора кои како дел од програмата „Родум од Македонија“ ќе престојуваат во Македонија во периодот од 29 јуни до 20 јули 2018 година

rodum od makedonija po chetvrti pat

За време на престојот младите ќе извршуваат практична работа во организации/институции /компании во Скопје, со цел да стекнат различни вештини согласно нивните академски цели. Сместувањето во семејства ќе им овозможи да бидат во допир со нашата култура, да се запознаат со нашето секојдневие и најважно, да создадат трајни пријателства. 

„Родум од Македонија“ се организира по четврти пат. По успешните три години, кога можноста ја искористија четворица студенти во првата година, шест во втората и осум во третата, оваа година очекуваме интересот да биде уште поголем. 

Со обезбедувањето на три-неделен дом за некој од заинтересираните студенти, вие ќе му овозможите да се приближи до неговите корени и неговото разбирање на културата и традицијата на Македонија. Вашиот интерес да бидете домаќини на еден од студентите, можете да го искажете на следниот маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите најдоцна до 31 мај 2018 година.

Потребните услови кои секое семејство треба да ги исполнува се наведени во Документот за согласност кој може да го видите на следниот линк. За сместување на студентите е предвиден паричен надомест од 100 американски долари.

„Родум од Македонија“ е дел од глобалниот проект „The Macedonian Heritage Village“, што го спроведува Обединета македонска дијаспора (ОМД) во соработка со МЦМС. 

По изборот на младите учесници од дијаспората во оваа програма, ќе ги известиме сите заинтересирани семејства кои се пријавиле со надеж за успешно поврзување.

За сите дополнителни информации може да не контактирате на тел. 072 226-144 или е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи ОГЛАС за сместување на студенти од македонската дијаспора - „Родум од Македонија“