Односот кон традиционалните/секуларните вредности [Медиуми] - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Односот кон традиционалните/секуларните вредности [Медиуми] PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 24 јануари 2011 13:35

Во прилог е написот во Нова Македонија, каде се користени податоци од истражувањето „Односот кон традиционалните/секуларните вредности“.

Нетолерантно обединети околу традиционалните вредности

Македонија како никогаш досега е пред предизвик да ги редефинира своите вредности во делот на бракот и семејството. Таа треба да одбере дали да ги преземе новите вредности од Западна Европа (Холандија, Белгија, Шпанија) за посебна група на права што ќе бидат достапни на сексуално маргинализираните сексуални групи, или, пак, да ги задржи вредностите на традиционалното семејство.

Ќе помине ли забраната за хомосексуалните бракови во Уставот, која ја иницираа верските заедници, одредени борци за човекови права и сé погласните хомосексуалци или, пак, под притисок на Европската Унија? Дали државава ќе го легализира истополовото партнерство?

Извор: Нова Македонија 14 јануари 2011

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Односот кон традиционалните/секуларните вредности [Медиуми]