Регионална мрежа за антикорупција (РМА) |
Доброто владеење и борбата против корупцијата како негов значаен елемент се стратешки цели на МЦМС за поттикнување на демократските процеси во Македонија и регионот. Намалувањето на корупцијата бара соодветни мерки за институционално градење и создавање социјални предуслови за воспоставување на владеењето на правото. Во тој контекст, граѓанските организации можат да придонесат преку воспоставување заеднички коалиции, но и соработка со владини, граѓански, приватни и меѓународни партнери за да дејствуваат по конкретни прашања. Успешен пример во изминатите години кој преку размена на знаења и искуства креираше платформа на граѓански организации активни во полето на добро владеење и антикорупција е Мрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ) во која МЦМС членува од 2013 г., а од 2017 г. ја презема улогата на координатор на мрежата. Општа цел на проектот е подобрување на партиципативната демократија и процесот на приближување кон ЕУ преку консолидирање и зајакнување на влијанието на на граѓанското општество во креирање политики и реформски процеси во регионот на Западен Балкан во областа на антикорупцијата, владеењето на правото и доброто владеење. Очекувани резултати на проектот се:
Целна група се граѓанските организации, како и сите критични институции кои се креатори на политики со посебен осврт на економски политики, како што се органите за конкуренција, регулаторните тела одговорни за лиценцирање како и други регионални мрежи. Активности кои ќе придонесат кон постигнување на резултатите се:
Програмата ќе даде повеќе продукти како на пример:
МЦМС ќе ја спроведува програмата во соработка со Центар за изучување на демократијата, Албански центар за економско истражување Центар за цивилни иницијативи, Центар за современи политики, Центар за мониторинг и истражување, Организација за демократија, антикорупција и достоинство- Cohu. Периодот на спроведување е 1 јануари 2023- 31 декември 2026. Најголем дел од потребните финансиски ресурси се обезбедени од ЕУ (88,24%). Средства за кофинансирање се обезбедени од МЦМС и партнерските организации. Буџетот изнесува 90,601,062.12 МКД. Веб-страница на програмата: https://seldi.net/ |