Следење на околината за развој на граѓанското општество - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Следење на околината за развој на граѓанското општество PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

atm 2 300x225МЦМС е иницијатор и основач на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) со мисија да дејствува на зајакнување на улогата на граѓанското општество во демократските и евро-интеграциските процеси. БЦСДН прерасна во влијателна мрежа сочинета од 15 организации од земјите од регионот која предводи активности важни за граѓанскиот сектор.

БЦСДН и МЦМС се пoсветени на прибирање на податоци за состојбата со овозоможувачка околина за развој на граѓанското општество уште од 2012г. со создавањето на матрицата за следење на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество. Почнувајќи од 2013 година, на годишно ниво МЦМС подготвува извештај, кој сведочи за состојбите и врз основа на извештајот, креира акции за застапување за унапредување на состојбите, создава внатрешни цели и програми, влијае врз работата на донаторите како и на целокупната работа и развој на граѓанското општество на национално ниво. Дополнително, МЦМС со своето знаење и искуство придонесува значително кон напорите за подобрување на методологијата и синергијата меѓу земјите од регионот.

Шведската агенција за меѓународен развој СИДА изрази интерес и го поддржа создавањето на регионален хаб за граѓанско општество, кој ќе значи и продолжување на следењето на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество. Следствено, новата Стратегија на БЦСДН за периодот 2017-2020 е преточена во оваа нова програма со која ќе се продолжи следењето во седум земји од регионот. Со овој проект ќе бидат опфатени активностите кои се однесуваат и ќе се спроведуваат на национално ниво, како и придонесот на МЦМС кон заедничките регионални перспективи.

Општа цел на проектот e збогатување на соработката и отпорноста на граѓанските организации во земјите на Западен Балкан, преку нивно поврзување и зајакнување да преземаат иновативни чекори за унапредување на овозможувачката околина и нивните практики на отчетност.

Специфични цели на проектот се: придонес кон околина што овозможува граѓанските организации да бидат влијателни чинители во општеството;  поддршка на ефективни, транспарентни и отчетни граѓански организации кои придонесуваат кон заштита на граѓанскиот простор; зајакнување на регионалната соработка за заштита на граѓанскиот простор преку Фондот за развој на граѓанско општество.

Активности преку кои ќе се остваруваат специфичните цели на проектот се: континуирано следење на овозможувачката околина; користење и промоција на најдобрите практики за отчетnост на граѓанските организации во регионот; спроведување на регионална грантова шема за проширување на овие напори во регионот; спроведување на ад-хок грантови во итни случаи или иновативни акции преку експертски мисии; учество на регионални собири, работилници итн.

Периодот на спроведување на проектот е од 1 октомври 2019г. до 31 декември 2021г.

Вкупниот буџет изнесува 2.800.000 МКД.


Te nderlidhura:

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Programet