Пристап до ЕУ фондови и подготовка на апликации |
Имате проблем со поставување на реални и остварливи цели? Често се наоѓате во теснец со временските рокови и неуспевате навреме да ги спроведете планираните активности? Тешко обезбедувате средства за спроведување на вашите проектни идеи? Имате тешкотии за подготовка на апликации и совладување на ЕУ процедурите? Обуката „Пристап до ЕУ фондови и подготовка на апликации“ ќе ви овозможи да ги совладате барањата со кои полесно ќе одговорите на барањата на ЕУ процедурите. Доброто планирање и раководење со проектите е клучниот предуслов да се надминат ризиците и проектите да се спроведат навреме и во рамките на планираниот буџет. Оваа обука ќе ви обезбеди знаења и вештини за идентификување на потребите, дефинирање на целите и дизајнирање на успешен проект за различни ЕУ фондови каде средствата се даваат како грантови. Различните алатки за проектен менаџмент, вклучувајќи ја и најшироко употребуваната – логичката рамка, ќе бидат аплицирани и дискутирани преку практични примери за различни ЕУ фондови и инструменти за поддршка. Оваа обука е наменета за сите оние кои работат на проекти или сакаат да ги развијат или подобрат вештините за подготовка на проекти, проект менаџмент и планираат во иднина да бидат вклучени во проектни тимови. |